Подгоречко Езеро

ледничко езеро на Јабланица


Подгоречкото езеро е најголемото ледничко езеро на Јабланица. Има вкупна површина од 3.999 м2. Максималната издолженост во правец североисток-југозапад изнесува 226 м, а во правецот север-југ 175 м. Неговата најголема длабочина е 10 м. Езерото прима вода од потоци и атмосферски талози. Кои подоцна преку еден поток истекуваат од езерото. Езерото се наоѓа на надморска височина од 2.000 м. Карактеристично за оваа езеро е тоа што во себе содржи животински свет и има сопствени надворешни и внатрешни извори, а исто така има и влијание врз својата околина. Една од одликите е и тоа што ова езеро има иста длабочина како и дорјанското езеро кое е едно од трите котлински езера во Македонија.

Подгоречко езеро

Карта

Површина 3.999 м2
Должина 226 м
Ширина 175 м
Длабочина 10 м
Надморска висина 2.000 м
Планина Јабланица
Подгоречко езеро на Ризницата

Галерија

уреди