Мало Пелистерско Езеро
Мало Езеро (Мало Пелистерско Езеро) — постглацијално ледничко езеро кое се наоѓа на планината Баба во рамките на Националниот парк Пелистер. Езерото се наоѓа во изворишниот дел на Црвен Река која е лева притока на реката Сапунчица на североисточната падина на планината Баба[1]. Сместено е во вдлабнатина - цирк на надморска височина од 2.190 метри веднаш североисточно под самиот Партизански Врв висок 2.349 метри надморска височина. Настанокот на езерото датира во времето на после ледничкиот (пост-ледничкиот) период пред околу 10 до 12.000 години[2]. Малото Пелистерско Езеро зафаќа поввршина од 7.440 м2, а неговата најголема должина измерена во правец југ - југозапад - исток - североисток изнесува 144 метри, додека најголемата широчина измерена во правец запад - исток изнесува 73 метри[3]. Најголемата длабочина на езерото при висок водостој изнесува 3,35 метри, а при апсолутно најнизок водостој изнесува 2,35 метри, односно просечаната длабочина изнесува 2,85 метри[4]. До езерото се стигнува по добро обелжеана планинарска патека која ги поврзува највисокиот врв Пелистер (1 час) и планинарскиот дом кај Големото Езеро (1,5 часа). Во езерото постои редок и помалуброен жив свет како полноглавци и ракчиња, а неговата вода често ја пијат дивите планински животни како дивите коњи, мечки и елени, но и стадата овци. Поради малата длабочина неговите води брзо се загреваат, поради што езерото е многу често посетено од капачи и планинари за време на летото.
Малоо Пелистерско Езеро | |
Површина | 7.440 м2 |
Должина | 144 м |
Ширина | 73 м |
Обем | 311 м |
Длабочина | 3.35 м |
Надморска висина | 2.190 м |
Планина | Баба (Пелистер) |
Галерија
уреди-
Малото Езеро
-
Водите на Малото Езеро
-
Бистрите води на Малото Езеро
-
Поглед кон падината во која е циркот во кој се наоѓа Малото Езеро од планинарската патека која води кон врвот Пелистер
-
Изгрејсонце на Малото Езеро