Еван Фурније (роден на 29 октомври 1992 година) е француски кошаркар, крило на Њујорк Никс и француската репрезентација.

Еван Фурније


Лични информации
Роден на 29 октомври 1992(1992-10-29)(32 г.)
Роден во Сен-Морис, Франција
Националност Франција Франција
Висина 2,01 м
Тежина 93 кг
Позиција крило, бек
Информации за кариерата
Драфт 2012 / Рунда: 1 / Пик: 20
Избран од:
Денвер Денвер Нагетс
Проф. кариера 2009—
Моментален клуб
Клуб Њујорк Никс Њујорк Никс
Број 13
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2009-2010
2010-2012
2012-2014
2014-2021
2021
2021-
Нантер Нантер
Потје Поатје
Денвер Денвер Нагетс
Орландо Орландо Меџик
Бостон Бостон Селтикс
Њујорк Никс Њујорк Никс
Репрезентација
2013– Франција Франција

Биографија

уреди

Фурније е роден на 29 октомври 1992, во Сен-Морис малото предградие на Париз, од татко французин Франсоа Фурније и мајка алжирка по име Мерием Мокта.[1] Двајцата негови родители биле професионални џудисти кои се запознале на ИНСЕП академијата.

Еван Фурније започнува да игра кошарка на 7 години, а неговиот интерес кон овој спорт уште повеќе се зголемил во 2002 година, благодарение на екипата на Сакраменто Кингс. Откако станал професионалец, Фурније го носел дресот со бројот 10 во повеќето екипи во кои настапувал во чест на тогашната 10-ка на Сакраменто, Мајк Биби.[2]

Клупска кариера

уреди

Почетоци, Нантер и Поатје

уреди

Во 2000 година, Фурније ја започнал својата кошаркарска кариера во екипата на Шарентон.[3] Помеѓу 2007 и 2009 година, тој го продолжил својот кошаркарски развој на академијата ИНСЕП, каде што се запознале неговите родители. Потоа тој се приклучил на екипата на Нантер која се натпреварувала во Про Б лигата (втората лига на Франција) во текот на сезоната 2009-2010 каде го направил своето деби како професионалец и подоцна бил избран за најдобар млад играч во Про Б првенството.[3]

 
Фурније во дресот на Поатје во 2010 година.

Во 2010 година, тој се приклучил на екипата на Поатје во најсилната француска кошаркарска лига каде што играл во просек 15 минути по натпревар (6,3 поени).[4]

Во април 2011 година, тој учествувал на Nike Hoop Summit[5] каде бил избран во почетната петорка. Американската селекција победила, а Фурније забележал „просечна“ партија и го завршил натпреварот со 6 поени и 6 скокови.[6].

Во јануари 2012 година, Фурније за прв пат бил избран во „идеалната петорка“ на Про А благодарение на неговите решавачки 16 поени, 6 скока и 7 асистенции (23 валоризација) против Елан Берне По Лак Ортез.[7] Тој продолжил со добрите игри и во март истата година бил избран за играч на месецот во Про А лигата.[8] Конечно, во мај по завршувањето на сезоната 2011-2012, тој ги добил наградите за играч кој најмногу напредувал, како и за најдобар млад кошаркар во Про А.[9]

Денвер Нагетс

уреди

На 28 јуни 2012 година, Фурније бил избран како 20-ти пик на НБА драфтот 2012 од Денвер Нагетс.[10] На 11 јули 2012, тој потшишал руки договор со Нагетс.[11] Веднаш по доаѓањето тој се приклучил на екипата на Нагетс која настапила во НБА летната лига 2012. Своето деби во НБА лигата го направил на 31 октомври 2012, во натпреварот против Филаделфија Севентисиксерс со кој Нагетс ја отвориле новата сезона; Фурније забележал 5 поени и една асистенција за околу 10 минути поминати во игра, а неговиот тим го загубил воведниот натпревар со 84-75.[12] Во текот на првите 73 натпревари на Нагетс во сезоната 2012-2013, Фурније се појавил во само 29 од нив и регистрирал 10 или повеќе поени само еднаш. Тој се појавил во девет последователни натпревари пред крајот на регуларнаиот дел од сезоната, вклучувајќи и ги и последните три во кои бил стартер. Во тие натпревари имал просек од 12,3 поени и постигнал 17 или повеќе поени на четири натпревари, вклучувајќи ги и највисоките во дебитантската сезона 24 поени против Портланд Трејлблејзерс на 14 април 2013.[13]

Во јули 2013 година, Фурније повторно се приклучил на Нагетс за НБА летната лига 2013.[14] На 30 октомври 2013 година, Нагетс ја искористиле својата опција за трета година според руки договорот на Фурније, продолжувајќи го договорот со играчот до сезоната 2014-2015.[15] На 23 февруари 2014 година, Фурније постигнал дотогаш највисоки во неговата НБА кариера 27 поени против Сакраменто Кингс.[16]

Орландо Меџик

уреди
 
Фурније против Марцин Гортат во 2017

На 26 јуни 2014 година, Фурније бил разменет, заедно со правата на драфт над Девин Марбл, во Орландо Меџик во замена за Арон Афлало.[17] Дебитирал во дресот на Меџик на 28 октомври 2014, забележувајќи 11 поени, 3 скока и 2 асистенции во поразот од 101-84 на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс. На 12 ноември 2014 година, Фурније имал одлична вечер постигнувајќи највисоки во кариерата 28 поени со шут од игра 8 од 14 во победата над Њујорк Никс со 97-95.[18]

На 3 ноември 2015 година, Фурније поставил нов личен рекорд во кариерата по бројот на поени уфрлајќи точно 30 во победата од 103–94 над Њу Орлеанс Пеликанс.[19] На 15 март 2016 година, тој ја изедначил својата највисока цифра на поени во кариера забележувајќи одново натпревар со 30 поени против неговата поранешна екипа Денвер Нагетс.[20] За време на сезоната 2015–2016, Фурније ја имал најдобрата година во кариерата во која просечно постигнувал по 15,4 поени по натпревар, 2,8 скокови, 2,7 асистенции, 1,2 украдени топки во 32,5 минути просечно поминати во игра. Тој, исто така, го предводел својот тим по бројот на постигнати поени 19 пати, имал 24 натпревари со 20+ поени и две со 30+ поени.[21]

На 7 јули 2016 година, Фурније потпишал нов петгодишен договор со Меџик, вреден 85 милиони долари.[22][23][24] На 3 ноември 2016 година, тој постигнал највисоки 29 поени за сезоната против Сакраменто Кингс.[25]

На 16 јануари 2018 година, Фурније постигнал рекордни во кариерата 32 поени во победата од 108–102 над Минесота Тимбервулвс.[26] На 7 март 2018 година, против Лос Анџелес Лејкерс, тој го свиткал левиот медијален колатерален лигамент.[27] Како резултат на тоа тој ја завршил сезоната предвреме.

На 1 декември 2019 година, го изедначил своето најдобро постигнување во кариерата од 32 поени во еден натпревар во победата од 100-96 над Голден Стејт.[28] Фурније играл и воедно започнал 26 натпревари за Меџик во неговата последна сезона во клубот и имал просек од 19,7 поени (најдобар во кариерата), 2,9 скокови, 3,7 асистенции и 1,0 украдени топки, шутирајќи за три поени со прецизност од 38,8%.[29]

Бостон Селтикс

уреди
 
Фурније со Селтикс во мај 2021.

На 25 март 2021 година, Фурније бил разменет во Бостон Селтикс во замена за Џеф Тиг и два идни пикови од втората рунда на драфтот.[29][30] Четири дена подоцна, тој го направил своето деби за Селтикс против Њу Орлеанс Пеликанс, но натпреварот го завршил без постигнат кош за 33 минути игра.[31][32] На 2 април, Фурније постигнал 23 поени и рекордни 7 тројки во НБА кариерата, во победата од 118–102 над Хјустон Рокетс. Фурније постигнал дури 20 поени од неговите 23 поени на мечот во последната четвртина, со што станал вториот играч на Селтикс кој постигнал 20 поени со 100% шут од игра во една четвртина од Пол Пирс.[33][34][35] Трета година по ред Фурније со својте клубови обезбедил место во плејофот, но и покрај тоа што имал одличен просек од 15,4 поени, тој не успеал да им помогне на Селтикс да ја минат првата пречка наречена Бруклин Нетс (ја загубиле серијата во 5 натпревари).

Њујорк Никс (2021–денес)

уреди

На 17 август 2021 година, Њујорк Никс ги стекнале правата над Фурние во договор за трансфер и размена со Селтикси.[36][37] На 20 октомври, Фурније го направил своето деби за Никс изедначувајќи го својот највисок број на поени во кариерата, уфрлувајќи 32 поени во победата со 138–134 после две продолженија над неговиот поранешен тим Бостон Селтикс.[38] На 6 јануари 2022 година, Фурније го надмина тој рекорд на кариерата, постигнувајќи 41 поен со десет тројки, заедно со осум скока, во уште една победа над Селтикс овојпат од 108-105.[39] На 23 март, во победата од 121–106 над Шарлот Хорнетс, тој го соборил рекордот за најмногу постигнати тројки за Никс во една сезона, поставен од Џон Старкс во 1995 година (217).[40]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Фурније играјќи за Франција на Евробаскетот 2017.

Фурније бил избран во француската репрезентација под 18 години со која учествувал на Европското првенство под 18 во 2009 година. Франција го освоила среброто, по поразот од Србија.[41] Тој бил избран во најдобрата петорка од овој турнир за едно со Енес Кантер (кој бил прогласен за МВП), Дејан Мусли, Тони Простран и Јонас Валанчиунас.[42]

Во јули 2011 година, тој играл за Франција на Европско првенство под 20 години во Шпанија. Французите претрпеле само еден пораз на во ова натпреварување, со 66-77 од Италија во полуфиналето, во кое Фурније уфрлил 19 поени со шут од игра 7 од 22, вклучувајќи и 1 од 7 за три поени;[43] Фурније на крајот го освоил бронзениот медал откако французите ја победиле Русија. Турнирот го завршил со просек од 16,9 поени.[44] и овде како и две години порано бил избран во најдобрата петорка на натпреварувањето заедно со најкорисниот играч шпанецот Никола Миротиќ, италијанецот Алесандро Џентиле, турчинот Фуркан Алдемир и црногорецот Бојан Дубљевиќ.[45]

Во јуни 2013 година, тој бил избран од селекторот на сениорската репрезентација на Франција Венсан Коле во списокот од 17 играчи кои најверојатно требало да учествуваат на Европското првенство 2013, но отпаднал од конечниот состав.[46]

Сепак околу година дена подоцна, на 16 мај 2014 година, тој бил вклучен во списокот од дваесет и четири играчи избрани за учество на Светското првенство 2014 во Шпанија.[47] Фурније одиграл 9 натпревари на првенството просечно бележејќи 6,9 поени, 1,2 скокови и 1,3 асистенции.

Следната година Фурние учествувал на Евробаскетот 2015 во Франција. Французите биле поразени од Шпанија во полуфиналето, но сепак го освоиле бронзениот медал победувајќи ја Србија во натпреварот за третото место.

Фурније настапувал и на Светско првенство 2019, на кое Франција ги победила САД во четвртфиналето (со 22 поени на Фурније), пред да загубат во полуфиналето од Аргентина. Франција го освоила третото место победувајќи ја Австралија во натпреварот за третото место. По завршувањето на првенството, Фурније бил избран во идеалната петорка на турнирот.

Статистика

уреди

Франција

уреди
Сезона Екипа Лига ОН С5 МПН ШИ% 3П% СФ% СкПН АсПН УкПН БлПН ППН
2009-2010   Нантер Про Б 31 ? 13,0 44,7% 30,4% 81,1% 1,0 1,2 0,4 0 4,7
2010-2011   Поатје Про А 29 1 14,0 44,6% 21,7% 84,1% 2,1 0,7 0,7 0,1 6,4
2011-2012   Поатје Про А 30 18 26,0 42,5% 27,7% 75,4% 3,2 2,2 1,5 0,1 14,0
Вкупно во кариерата 90 ? 17,6 43,9% 26,6% 81,2% 2,1 1,3 0,8 0,06 8,3
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларна сезона

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2012-2013   Денвер Нагетс 38 4 11.3 .493 .407 .769 .9 1.2 .5 .0 5.3
2013-2014   Денвер Нагетс 76 4 19.8 .419 .376 .756 2.7 1.5 .4 .1 8.4
2014-2015   Орландо Меџик 58 32 28.6 .440 .378 .728 2.6 2.1 .7 .0 12.0
2015-2016   Орландо Меџик 79 71 32.5 .462 .400 .836 2.8 2.7 1.2 .0 15.4
2016-2017   Орландо Меџик 68 66 32.9 .439 .356 .805 3.1 3.0 1.0 .1 17.2
2017-2018   Орландо Меџик 57 57 32.2 .459 .379 .867 3.2 2.9 .8 .3 17.8
2018-2019   Орландо Меџик 81 81 31.5 .438 .340 .806 3.2 3.6 .9 .1 15.1
2019-2020   Орландо Меџик 66 66 31.5 .467 .399 .818 2.6 3.2 1.1 .2 18.5
2020-2021   Орландо Меџик 26 26 30.3 .461 .388 .797 2.9 3.7 1.0 .3 19.7
2020-2021   Бостон Селтикс 16 10 29.5 .448 .463 .714 3.3 3.1 1.3 .6 13.0
2021-2022   Њујорк Никс 80 80 29.5 .417 .389 .708 2.6 2.1 1.0 .3 14.1
2022-2023   Њујорк Никс 13 7 20.0 34.4 33.3 81.8 2.1 1.7 0.7 0.2 6.9
Кариера 565 417 28.5 .450 .379 .805 2.8 2.7 .9 .1 14.3

Плејоф

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2013   Денвер Нагетс 4 4 13.3 .353 .000 .875 .0 1.0 .5 .0 4.8
2019   Орландо Меџик 5 5 35.0 .348 .235 .750 3.2 2.0 1.4 .0 12.4
2020   Орландо Меџик 5 5 34.2 .351 .343 .706 4.0 2.6 1.2 .6 12.8
2021   Бостон Селтикс 5 5 33.4 .429 .433 .833 3.6 1.4 1.2 .0 15.4
Кариера 19 19 29.8 .374 .308 .778 2.8 1.8 1.1 .2 11.7

Успеси

уреди

Репрезентативни

уреди

Поединечни

уреди

Наводи

уреди
  1. Panara, Marlène (1 Jul 2018). „Basket-ball : la NBA fait son show à Pretoria ce 4 août“. Le Point (француски). Посетено на 18 Aug 2020.
  2. Conn, Jordan Ritter (28 June 2012). „Is the NBA Done Drafting International Players?“. Grantland.com. Посетено на 16 March 2016.
  3. 3,0 3,1 Le Parisien (2012). „BASKET : l'enfant de Charenton va jouer en NBA“. leparisien.fr (француски). Занемарен непознатиот параметар |month= (help); Занемарен непознатиот параметар |day= (help)
  4. „Evan Fournier - Saison 2010 - 2011“. lnb.fr. Архивирано од изворникот на 2012-04-04. Посетено на 22 мај 2011.
  5. „World Select Team Roster Announced For 2011 Nike Hoop Summit“. usabasketball.com (англиски). 21 март 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-26. Посетено на 22 мај 2011.
  6. „архивски примерок“. basketusa.com. 10 април 2011. Архивирано од изворникот на 2013-11-09. Посетено на 2021-07-26. Занемарен непознатиот параметар |titlee= (help)
  7. „Cinq idéal - J15 : Evan Fournier décisif“. Ligue nationale de basket-ball. 23 јануари 2012.
  8. „Fournier élu joueur du mois“. L'Équipe. 13 април 2012.
  9. „Soirée des Trophées : Le palmarès 2012“. LNB. 19 мај 2012.
  10. Ziller, Tom (2012-06-29). „2012 NBA Draft Results: Evan Fournier Selected By Nuggets With No. 20 Pick“. Посетено на 2016-07-12.
  11. „Denver Nuggets sign first-round draft pick Evan Fournier | Denver Nuggets“. Denver Nuggets (англиски). Посетено на 2018-02-08.
  12. „Denver Nuggets at Philadelphia 76ers Box Score, October 31, 2012“. basketball-reference.com. 31 октомври 2012. Посетено на 26 јули 2021.
  13. „Evan Fournier 2012-13 Game Log | Basketball-Reference.com“. Basketball-Reference.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-02-12. Посетено на 2018-02-08.
  14. „Denver Nuggets announce 2013 Summer League roster | Denver Nuggets“. Посетено на 2016-07-12.
  15. „Denver Nuggets Exercise Options On Faried, Fournier | Denver Nuggets“. Посетено на 2016-07-12.
  16. „Evan Fournier 2013-14 Game Log | Basketball-Reference.com“. Basketball-Reference.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-02-12. Посетено на 2018-02-08.
  17. „Magic Trade Afflalo; Acquire Fournier and Marble | Orlando Magic“. Посетено на 2016-07-12.
  18. Mahoney, Brian (2014-11-12). „Fournier's career-high 28 lead Magic over Knicks“. NBA.com. Посетено на 2016-07-12.
  19. Martel, Brett (2015-11-04). „Fournier leads Magic past winless Pelicans, 103-94“. NBA.com. Посетено на 2016-07-12.
  20. „Fournier, Smith help Magic hold off Nuggets, 116-110“. ESPN.com. 2016-03-15. Посетено на 2016-07-12.
  21. „Evan Fournier 2015-16 Game Log | Basketball-Reference.com“. Basketball-Reference.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-02-12. Посетено на 2018-02-08.
  22. „Orlando Magic Re-Sign Evan Fournier | Orlando Magic“. Посетено на 2016-07-12.
  23. http://www.orlandosentinel.com/sports/orlando-magic/magic-basketblog/os-orlando-magic-re-sign-ecess-date=2016-07-12. Отсутно или празно |title= (help)[мртва врска]
  24. Robbins, Josh (2016-07-07). „Orlando Magic re-sign Evan Fournier“. Orlando Sentinel. Посетено на 2016-07-12.[мртва врска]
  25. „Evan Fournier 2016-17 Game Log | Basketball-Reference.com“. Basketball-Reference.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-02-12. Посетено на 2018-02-08.
  26. Denton, John (16 January 2018). „Postgame Report: Magic vs. Timberwolves“. NBA.com. Посетено на 17 January 2018.
  27. Robbins, Josh (8 March 2018). „MRI shows Magic's Evan Fournier has sprained left MCL“. orlandosentinel.com. Посетено на 10 March 2018.
  28. „Fournier scores 32, leads Magic over Warriors 100-96“. CBSSports.com (англиски). Посетено на 2021-03-30.
  29. 29,0 29,1 „Magic Acquire Two Future Second Round Draft Picks From Boston In Exchange for Evan Fournier“. NBA.com (англиски). Посетено на 2021-03-26.
  30. „Celtics Acquire Evan Fournier“. NBA.com. Посетено на 2021-03-27.
  31. „Evan Fournier makes NBA history with rough Celtics debut“. sports.yahoo.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-07-31. Посетено на 2021-03-30.
  32. „Celtics' Evan Fournier the fourth player in shot-clock era to go 0-for-10 or worse from field in team debut“. CBSSports.com (англиски). Посетено на 2021-03-30.
  33. „WATCH: Celtics wing Evan Fournier scores 23 on career-high 7 3-pointers“. Celtics Wire (англиски). 2021-04-03. Посетено на 2021-04-06.
  34. „Fournier is second Celtic in 25 seasons to accomplish this feat“. NBCSports.com. Посетено на 2021-04-03.
  35. „Keys to the Game: Celtics 118, Rockets 102“. Boston Celtics (англиски). Посетено на 2021-04-03.
  36. „Knicks Acquire Evan Fournier“. NBA.com. 17 August 2021. Посетено на 17 August 2021.
  37. „Celtics Finalize Sign-and-Trade Agreement with Knicks“. NBA.com. 17 August 2021. Посетено на 17 August 2021.
  38. „Orlando hopes to continue home-opener magic vs. Knicks“. CBS Sports. Field Level Media. 21 October 2021. Посетено на 21 October 2021.
  39. „Knicks' RJ Barrett hits game-winner to complete comeback vs. Celtics; Evan Fournier scores 41“. The Athletic. 6 January 2022. Посетено на 6 January 2022.
  40. „Evan Fournier sets Knicks' single-season 3-point record“. New York Post. Посетено на March 24, 2022.
  41. „Serbia Hold Off France To Win Title“. FIBA Europe (англиски). 2 august 2009. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  42. „Kanter named MVP“. FIBA Europe (англиски). 2 август 2009. Посетено на 22 мај 2011.
  43. „U20 European Championship Men » 2011 » DIVISION A » Game » France 66-77 Italy“. fibaeurope.com (англиски).
  44. „Statistiques à l'Euro U20 2011“. fibaeurope.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 2021-07-31.
  45. „MVP Mirotić leads All Tournament team“ (англиски). 24 juillet 2011. Архивирано од изворникот на 2012-09-26. Посетено на 2021-07-31. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  46. Dimitri Kucharczyk (11 august 2013). „Equipe de France : Kim Tillie, Léo Westermann et Evan Fournier n'iront pas à l'Euro“. Архивирано од изворникот на 2021-08-11. Посетено на 2021-08-11. Занемарен непознатиот параметар |éditor= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  47. Arnaud Gelb (16 may 2014). „Équipe de France : une liste des 24 sans Tony Parker“. basketusa.com. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди