Светско првенство во кошарка 2014

Светското првенство во кошарка 2014 се одржало во Шпанија.

2014 Светско првенство во кошарка
Copa Mundial de la FIBA España 2014
Податотека:Spain 2014 FIBA Basketball World Cup logo.jpg
Детали за турнирот
ДомаќинШпанија
Датуми30 август до 14 септември
Екипи24
Сали6 (во 6 градови)
Освоени места
Победник САД (1-ви title)
Второ место Србија
Трето место Франција
Четврто место Литванија
Tournament statistics
Најкорисен играчСАД Кари Ирвинг
Најдобар стрелецПорторико Хосе Хуан Бареа
(22.1 бода во просек)
2010
2019

Групна фаза

уреди

Елиминации

уреди

на 10 септември 2014 година, репрезентацијата на домаќинот Шпанија, која пред почетокот на првенството важела за фаворит за влез во финалето, во четврт-финалето неочекувано изгубила од репрезентацијата на Франција, со резултат 52-65. Во четвртфиналниот натпревар, Србија убедливо го победила Бразил со резултат 84:56.[1] Два дена подоцна, на 12 септември, во полуфиналето, Франција се сретнала со репрезентацијата на Србија, при што изгубила, со резултат 85-90 (15:21, 17:25, 14:15, 39:29).[2]

На 13 септември се одиграл натпреварот за третото место, во кој Франција ја победила Литванија со 95:93 (22:19, 21:23, 21:29, 31:22) и го освоила бронзениот медал.[3]

Финалниот натпревар на светското првенство се одржал на 14 септември во Мадрид и во него, репрезентацијата на САД убедливо ја победила Србија, со резултат 129-92. Притоа, Србија била рамноправна само на почетокот од натпреварот, кога имала водство од 15-7, но репрезентацијата на САД направила серија од 15-0 и потоа, само го зголемувала водството. Кајри Ирвинг бил најефикасен кошаркар на мечот, со постигнати 26 бода, од кои, шест тројки од исто толку обиди, додека големата ѕвезда на американската кошарка, Џејмс Харден го завршил натпреварот со постигнати 23 кошеви. Најефикасни во српската репрезентација биле Немања Бјелица и Никола Калиниќ, кои постигнале по 18 бода.[4]

Наводи

уреди
  1. „Франција ја елиминира Шпанија, во полуфиналето игра со Србија“, Дневник, година XVIII, број 5564, петок, 12 септември 2014, стр. 22.
  2. „Кошарка за паметење: Србија закажа финале од соништата со САД!“ (проверена на 14.9.2014)[мртва врска]
  3. „Бронзениот медал за Франција на Светското првенство во кошарка“ (проверена на 14.9.2014)[мртва врска]
  4. „„Американците пресилни за Србите во финалето на СП во кошарка" (пристапено на 17.9.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-09-17. Посетено на 2014-09-17.