Махмудово
Махмудово (се среќаваат и Мамхутово и Мамутово; грчки: Μαχμώτοβο, Μαχμούτ, Махмутово, Махмут) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Населението се состоело исклучиво од Македонци.[1]
Махмудово Μαχμώτοβο | |
---|---|
Координати: 40°36.53′N 22°48.17′E / 40.60883° СГШ; 22.80283° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Делта |
Надм. вис. | 3 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиМахмудово се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија североисточно од Кулакија и југозападно од Текелиево. Лежело на тананаречениот Долен Пат од Солун за Кулакија. Било на десниот јужен брег на каналот Мал Вардар спроти Лапра.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот од XIX век Махмудово било чифлик со македонско население во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Махмуд (Mahmoud) било село со 25 домаќинства сочинети од 126 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Махмудово имало 105 жители Македонци.[3][5] Целото население било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Махмутово (Mahmoutovo) имало 64 Македонци под патријаршијата.[3][6]
Селото страдало од поплавувањето на Вардар. Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) есента 1887 г. реката го поплавила селото и тоа се растурило.[7] По несреќата е повторно населено. Грчки извори велат дека по големата поплава од 1906 г. во Махмудово имало 50 лица дојдени од Кулакија.[2]
Во Брција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. Махмудово влегло во Грција. Се смета дека селото конечно се распаднало за време на овие војни.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 331. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 2,0 2,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 40. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 154–155. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 108.