Лапра
Лапра (грчки: Λάπρα) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Било населено со Македонци.[1]
Лапра Λάπρα | |
---|---|
Координати: 40°38.58′N 22°46.38′E / 40.64300° СГШ; 22.77300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Делта |
Надм. вис. | 3 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија. Лежело североисточно од Кулакија и југозападно од Текелиево, на почетокот на таканаречениот Долен Пат кој го сврзува Солун со Кулакија и во минатото често под закана од водите на Вардар. Селото било на левиот северен брег на каналот Мал Вардар спроти Махмудово.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот од XIX век Лапра било чифлик со македонско население во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Атра Чифлик (Atra-Tchifliq) е показано като село с 20 домакинства и 98 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) в 1900 година Лапра има 106 жители Македонци.[3][5] Целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лапра (Lapra) имало 80 Македонци под патријаршијата.[3][6]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Лапра (Λάπρα) е словенојазично село в Кулакиската епископија со 45 жители.[7]
Селото страдало од поплавувањето на Вардар. Грчки извори велат дека по големата поплава од 1906 г. во Лапра имало 98 лица дојдени од Кулакија.[2]
Во Грција
уредиПо Втората балканска војна Лапра е припоено кон Грција. Истата 1913 г. броело 54 жители (30 мажи и 24 жени). Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) селото е конечно растурено во есента 1914 г. поради поплава на Вардар.[8] Во 1918 г. е приклучено во одделот на Текелиево, но веќе не фигурира на пописот од 1920 г.
Наводи
уреди- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 330. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 2,0 2,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης. Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 40. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 154–155. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά. Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 109.