Долно Бунарбаши
Долно Бунарбаши (грчки: Κάτω Κεφαλάρι, Като Кефалари)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Долно Бунарбаши Κάτω Κεφαλάρι | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°4′N 24°15′E / 41.067° СГШ; 24.250° ИГДКоординати: 41°4′N 24°15′E / 41.067° СГШ; 24.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Доксат |
Општ. единица | Доксат |
Надм. вис. | 45 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 339 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на 10 километри јужно од градот Драма и на 6 километри јужно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 45 метри.
ИсторијаУреди
Отоманско ЦарствоУреди
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 120 Турци[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 125 жители[4].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Като Кефалари[5].
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Κάτω Κεφαλάρι
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.