Прелом (минералогија)
Во минералогијата, преломот е поим што го означува обликот и текстурата на површината добиена при кршење на еден минерал. Минералите имаат мошне карактеристичен прелом, и затоа тој е главна особеност по која се тие се распознаваат.
Преломот се разликува од цепливостта по тоа што цепливоста подразбира одвојување на парчињата долж цепните линии (споеви) на кристалната структура на минералот, наспроти општо кршење од било кој вид. Сите минерали имаат прелом, но тој потешко се препознава кај минералите што имаат мошне изразени споеви.
Терминологија
уредиШколкест прелом
уредиШколкест прелом (конхоиден) е закривен откршок што личи на концентричните риги на една школка. ЧЕстопати се јавува кај аморфни и фини материјали како кременот, опалот и опсидијанот, но може да се јави и кај кристалните материјали како кварцот.
- Потшколкестиот прелом е сличен на школкестиот, но не толку закривен.
Земјест прелом
уредиЗемјестиот прелом потсетува на штотуку отцепена почва. Се среќава кај релативно меки, минерали со полабав состав како лимонитот, каолинитот и алуминитот.
Груб прелом
уредиГрубиот прелом (или запчест прелом) е остар, нерамен и неправилен. Може да се забележи при растргнување на металите, а особено често кај самородните метали како бакарот и среброто.
Деланчест прелом
уредиДеланчестиот прелом е составен од долгнавести зашилени деланки (иверки). Се среќава особено кај влакнестите матеирјали како хризотилот, но може да се забележи и кај невлакнестите како кијанитот.
Нерамен прелом
уредиНаремниот прелом нема доследна површина. Се јавува кај најразлични минерали, меѓу кои арсенопиритот, пиритот и магнетитот.
Наводи
уреди- Rudolf Duda and Lubos Rejl: Minerals of the World (Arch Cape Press, 1990)
- Галерија на преломи на минерали (англиски)