Демир Хисар
Демир Хисар (порано: с. Мургашево) — град во југозападниот дел на Македонија и административен центар на истоимената општина.
Демир Хисар | |
---|---|
град | |
Улица во Демир Хисар | |
Местоположба на Демир Хисар во Македонија | |
Координати: 41°13′N 21°12′E / 41.217° СГШ; 21.200° ИГД | |
Држава | Македонија |
Регион | Пелагониски Регион |
Општина | Демир Хисар |
Население (2021) | |
• Вкупно | 2,431 |
Час. појас | UTC+1 |
• Лето (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) |
Повик. бр. | +389 047 |
Рег. таб. | DH |
Мреж. место | www.demirhisar.gov.mk |
Географија
уредиГрадот се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв Сталев Камен со висина од 2.000 м., коишто ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област.
Потекло на поимот
уредиПоради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник или Железнец, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава и како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Тврдина. Тоа е името што и денес го носи.
Историја
уредиВо почетокот на XVII век, во Битолско постои христијанското село Мургаш. Во судскиот регистар на битолскиот кадија од 1640 година се споменува, дека поради прекумерно зголемување на арачот и другите вообичаени немуслимански даноци, целото население на селото, освен еден, „неверникот Дујо“, пребегало. Бидејќи долговите и даноците биле побарани од Дујо (Дуј), тој исто така избегал, а властите се обиделе да го вратат со поедноставуање на некои давачки.[1]
Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална исправка, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).
Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало гратче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола (28 км), Крушево (25 км), Кичево (51 км) и Прилеп (38 км).
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Население
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Албанци и 50 Македонци.[3]
На пописот од 2002 година, градот има 2.593 жители, со што претставува најмалиот град во Македонија. Следува табела на националната структура на населението:[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 2 473 |
Албанци | 62 |
Турци | 22 |
Роми | 11 |
Власи | 6 |
Срби | 7 |
Бошњаци | 2 |
Други | 10 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Демир Хисар има 2.431 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 2.281 |
Албанци | 39 |
Турци | 1 |
Роми | 16 |
Власи | 9 |
Срби | 5 |
Бошњаци | 0 |
Други | 80 |
Следува табела на национална припадност на Демир Хисар во пописите 1948-2021:[5]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 543 |
1953 | 449 | 27 | 412 | — | 1 | 3 | — | 10 | — | 902 |
1961 | 1.047 | 39 | 24 | — | — | 5 | — | 14 | — | 1.129 |
1971 | 1.731 | 30 | 34 | 4 | — | 17 | — | 12 | — | 1.828 |
1981 | 2.154 | 75 | 19 | 17 | 1 | 14 | — | 12 | — | 2.283 |
1991 | 2.097 | 13 | 6 | 1 | 3 | 4 | — | 7 | — | 2.131 |
1994 | 2.336 | 9 | 4 | — | 2 | 1 | — | 95 | — | 2.447 |
2002 | 2.473 | 62 | 22 | 11 | 6 | 7 | 2 | 10 | — | 2.593 |
2021 | 2.281 | 39 | 1 | 16 | 9 | 5 | 0 | 11 | 69 | 2.431 |
Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители, а во 1981 година имало 2283. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.
Администрација и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо градот постојат избирачките места бр. 623, 623/1 и 624 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.904 гласачи.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петров, Петър, съставител (1987). По следите на насилието. Документи и материали за налагане на исляма, част I. София: Наука и изкуство. стр. 38.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk Архивирано на 3 февруари 2020 г..
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди„Демир Хисар“ на Ризницата ? |
- Портал на општина Демир Хисар Архивирано на 9 февруари 2014 г.
- Демир Хисар низ фотографии Архивирано на 4 март 2016 г.
- Демир Хисар — официјален профил на Фејсбук