Дебелн
Дебелн (германски: Döbeln) — град во сојузната покраина Саксонија, Германија, дел од округот Средна Саксонија, кој се наоѓа на обата брега на реката Фрајбергер Мулде.
Дебелн | |
Градско собрание на Дебелн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Средна Саксонија |
Градски единици | 19 |
Градоначалник | Ханс-Јоаким Егерер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 91,56 км2 |
Надм. височина | 159−262 м |
Население | 23.763 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 260 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FG |
Пошт. бр. | 04720 |
Повик. бр. | 03431 |
Портал | www.doebeln.de |
Местоположба на градот Дебелн во рамките на округот Средна Саксонија | |
Координати | 51°7′10″N 13°6′46″E / 51.11944° СГШ; 13.11278° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиДебелн се наоѓа во средишниот дел на Саксонија, недалеку од средината на триаголникот помеѓу саксонските метрополи Кемниц, Дрезден и Лајпциг. Покраинскиот главен град, Дрезден, е оддалечен околу 50 километри, Кемниц околу 40 километри, Лајпциг 70 километри и Берлин околу 200 километри. Дебелн има два автоматски излези на А14.
Соседни општини
уредиОпштини со кои се граничи се Гросвајчен (Средна Саксонија), Чајц-Отевиг (Средна Саксонија), Ломач (Мајсен), Носен (Мајсен), градот Росвајн и Валдхајм (обата во Средна Саксонија).
Градски единици
уредиДебелн се дели на традиционален стар град, чиј средиштен дел се наоѓа на остров во Мулде и е заобиколен од два ракави на Фрајбергер Мулде.
|
Покрај овие градски единици, градот ги опфаќа и следниве единици: Еберсбах, Техниц, Цигра и Мохау.
Историја
уредиБил основан во X век, првиот пишан доказ за неговото постоење е од годината 981 година.[2]
- Околу 1220 година Дебелн официјално го добил статусот град.
- 1293: Црквата Свети Никола била првпат спомената.
- 1296: Замокот и градот биле окупирани од Адолф од Насау.
- 1330: На 25 март била завршена градбата на манастирот.
- 1333: Голем пожар го уништил целиот град.
- 1360: Лордот Улман од Штаупиц го изградил замокот Рајхенштајн.
- 1429: Грабеж на градот и уништување на замокот од Хуситите.
- 1450: Дебелн е нападнат од Бохемијците, притоа уништувајќи го замокот. Потоа, на замокот му опаднала значајноста. Во 1567 година бил споменат како „напуштена палата“ и потоа користен за најразлични цели.
- 1637: Нападнат од Швеѓаните.
- 1730: Уште еде сериозен пожар го погодил градот. Како последица на тоа, остатоците на замокот биле користени како градежен материјал за обнова. Во овој пожар, 266 сопственици и 400 потстанари ги загубиле нивните домови.
- Во текот на Седумгодишната војна, имало битка помеѓу Прусите и Австријците. На 12 мај 1762 година, трупите на принцот Хајнрих од Прусија ги поразил австриските војници и зел затвореници, вклучувајќи го генералот Фон Цетвиц.
- 1754-1810 Дебелн е гарнизон на пешадиската дивизија Лубомирски.
- 1847 Дебелн бил поврзан со железница од Риза. Во 1857 година линијата била продолжена до Кемниц. Во 1868 година отворена е линијата Дрезден-Дебелн-Лајпциг.
- 1945 Градот бил окупиран од советската армија без да биде испукан ниеден куршум.
Сообраќај
уредиГлавната железничка станица Дебелн е на железничките линии Борсдорф-Косвиг и Риза-Хемниц.
Има две врски со автопатот А14.
Дебелн ја поседува последната преостаната линија на трамвај влечена од коњи во Германија, во форма на трамвајот во Дебелн. Оваа линија, потекнува од периодот 1892-1926 година и била повторно отворена во 2007 година.
Збратимени градови
уредиДебелн е збратимен со следниве градови:
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- ↑ MGH DD Otto II. 195. Digitalisat: http://mdz10.bib-bvb.de/~db/bsb00000443/images/index.html?id=00000443&no=1&seite=225[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Дебелн на Ризницата ?
- Официјална страница[мртва врска] (германски)
Оваа статија за место во округот Средна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |