Митвајда (округ)
Митвајда (германски: Mittweida) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Мулдентал, Дебелн, Фрајберг, слободниот град Кемниц и округот Кемниц, округот Алтенбург во Тирингија и округот Лајпциг.
Митвајда Landkreis Mittweida | |
---|---|
округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Саксонија |
Укинат | 01.08.2008 |
Седиште | Митвајда |
Површина | |
• Вкупна | 773,18 км2 (298,53 ми2) |
Население (2001) | |
• Вкупно | 136,684 |
• Густина | 180/км2 (460/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | MW |
Мреж. место | http://www.landkreis-mittweida.de |
ИсторијаУреди
Округот бил создаден во 1994 година, кога претходните окрузи Хајнихен, Рохлиц и дел од округот Кемниц се споиле. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Дебелн, Фрајберг и Митвајда биле споени во новиот округ Средна Саксонија.
ГеографијаУреди
Округот се наоѓал во падините на Рудните Планини, само областа на северозападот околу Рохлиц припаѓа на низините околу Лајпциг (Leipziger Tieflandsbucht). Во оваа област е исто така најниската точка во округот со 144 метри надморска височина; највисоката точка е во Хаусдорф (дел од Франкенберг) со 488 м. Три главни реки во округот се Цвикауер Мулде, Кемниц и Чопау.
ГрбУреди
Грбот го покажува лавот на Мајсен во горниот десен агол, бидејќи поголемиот дел од округот историски припаѓала на Мајсен. Трите сини мечки ги симболизираат три главни реки во округот: Цвикауер Мулде, Кемниц и Чопау. |
Градови и општиниУреди
Градови | Општини | |
---|---|---|
Надворешни врскиУреди
- Митвајда на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
Координати: 50°59′24″N 12°58′48″E / 50.99000° СГШ; 12.98000° ИГД