Ѓупчево

(Пренасочено од Гјупчево)

Ѓупчево (грчки: Γυψοχώρι, Гипсохори; до 1926 г. Γύψοβο, Гипсово или Γιούψοβο, Ѓупсово[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 378 жители (2011), од кои Македонците денес се апсолутно мнозинство.[3]

Ѓупчево
Γυψοχώρι
Ѓупчево is located in Грција
Ѓупчево
Ѓупчево
Местоположба во областа
Ѓупчево во рамките на Постол (општина)
Ѓупчево
Местоположба на Ѓупчево во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°48.28′N 22°15.35′E / 40.80467° СГШ; 22.25583° ИГД / 40.80467; 22.25583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаАлександар Велики
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно378
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во Солунското Поле, 5 км северно од Кадиново и патот за Воден, 16 км западно од Пазар (Ениџе Вардар).

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Иако името му се однесува на Роми („Ѓупци“), ова е македонско село кое веројатно било основано како ромска населба во подалечното минато. Селската црква „Св. Атанас“ во Ѓупчево е изградена во 1857 (или 1851) година. На почетокот на XX век Ѓупчево било село в Ениџевардарската. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ѓупчево броело 260 жители Македонци.[4][5]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ѓупчево (Guioptchevo) имало 360 Македонци под егзархијата.[4][6] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 27 македонски куќи.[3]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 225 жители, кои во 1920 г. биле 233.[3] Во 1924 г. 33 жители се иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени 43 грчки колонисти од Понд (10 семејства).[3][7] Во 1926 г. селото е преименувано во Гипсохори, што е прост грчки превод на македонското име. Во пописот од 1928 г. селото броело 286 лица,[3] од кои 37 лица (13 семејства) биле грчки дојденци, а останатите Македонци.[8]

Во 1940 г. во Ѓупчево се попишани 345 жители. Според статистиката на НОФ од 1947 г. селото имало 60 грчки дојденци, а сите останати биле староседелски Македонци.[3] За време на Граѓанската војна, неколку македонски семејства и поединци се иселиле во Р Македонија поради учество во борбите.[3] По војната, населението продолжило накачува, достигајќи 470 жители во 2001 г. Во текот на следното десетлетие населението приметно опаднало, така што во 2011 г. тука се заведени 378 жители, што е за речиси сто помалку.[3]

Личности

уреди
Родени во Ѓупчево
  • Гонџо Клајчев — револуционер, деец на ВМРО, загинал пред 1918 г.[9]
  • Крсте Узунов (1875 - 1946) — револуционер на ВМРО
Починати во Ѓупчево

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 345 384 409 419 447 428 470 378
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Главни производи на селото се јаболката, пченицата, бостанот и др. Делумно е застапено и сточарството.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γύψοβο -- Γυψοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 68.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  7. Ѓупчево на порталот на поранешната Општина Александар Велики[мртва врска] (грчки)
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 102.