Гропино
Гропино (грчки: Δάφνη, Дафни; до 1926 година: Γρόπινο, Гропино; книжевно: Γρόπινον, Гропинон[2]; до 1957 година: Βαλτολίβαδο, Валтоливадо; книжевно: Βαλτολίβαδον, Валоливадон[3]) — село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Гропино Δάφνη | |
---|---|
Координати: 40°46′N 22°14′E / 40.767° СГШ; 22.233° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Вртикоп |
Општ. единица | Вртикоп |
Надм. вис. | 15 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 679 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа западно од градот Пазар, во непосредна близина на селата Свети Ѓорѓи, Карамзино и Колибите, на надморска височина од 15 метри.[4]
Сместено е на 22 километри југоисточно од градот Воден и на 6 километри источно од општинското средиште Вртикоп.
Историја
уредиДо 1924 година, селото Гропино било населено со македонско население.[4]
Појавата на маларија и четничката активност пред Балканските војни биле причина за намалувањето на бројот на неговите жители. По 1924 година, грчките власти населиле 133 бегалци.[4]
Во 1926 година, селото било преименувано во Валтоливадо (Βαλτολίβαδο).[5]
Во 1928 година, Гропино претставувало чиста бегалска населба со 28 бегалски семејства и 120 жители.[6] По исушувањето на Ениџевардарското Блато во 1935 година, новосоздадените земјишта им биле поделени на нови бегалски семејства од Понд и Мала Азија, поради што бројот на жители во селото уште повеќе се зголемил.
Во 1957 година, селото било повторно преименувано, овој пат во Дафни (Δάφνη).
Стопанство
уредиСелото е многу богато, земјиштето се наводнува, главни производи се овошје (праски и јаболка), памук и жито. Се одгледуваат и млечни крави.[4]
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Групиново (Гропино) имало 224 жители Македонци.[4][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гропино (Gropino) имало 208 Македонци.[8]
Со појавата на маларијата и четничката активност, населението во селото се намалило и во пописот од 1913 година броело само 79, а во 1920 година само 15 жители. Во 1924 година, грчките власти тука населиле 133 бегалски жители, така што во 1928 година селото имало 143 жители. По исушувањето на Ениџевардарското Блато (1935 година), тука биле населени поголем број на бегалски семејства од Понд и Мала Азија, кои добиле ново земјиште од исушеното блато. Така, селото во 1940 година се зголемило на 475 жители, во 1951 година имало 562, во 1961 година 588, во 1971 година 519, во 1981 година 663, а во 1991 година 700 жители.[4]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 667 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 679 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 475 | 562 | 588 | 519 | 663 | 700 | 667 | 679 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гропино , во кој е единствено село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γρόπινον -- Βαλτολίβαδο
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαλτολίβαδον -- Δάφνη
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 67.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 146.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.