Песни (Григор Витез, 1990)
„Песни“ — поетска збирка за деца на хрватскиот поет Григор Витез. Книгата е објавена во 1990 година, како заедничко издание на издавачките куќи Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост. Таа служела како задолжителна лектира за шесто одделение во основните училишта на СР Македонија. Изборот на песните го направила Тамара Арсовска, а песните ги препеале: Тамара Арсовска, Михо Атанасовски, Васил Куноски, Видое Подгорец, Глигор Поповски и Ацо Шопов. Цртежот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Бисерка Перовска. Книгата, со обем од 105 страници и со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во ГИП „Гоце Делчев“ во Скопје. Таа е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје.[1]
Содржина
уредиЗбирката содржи 99 песни:[2]
- Како растат децата
- Непослушни нешта
- Се расчуло
- Прсти
- Две раце
- Шивачка
- Кутрото братче
- Плачко
- Лекарот препорачува
- Моливче, моливче
- Писмо
- За тројца
- Желба за мама
- На мајчиниот ден
- Дива ружа
- Три морски волка
- Што прави, што прави...
- Заборавенко
- Жетва
- Синоличка
- Незнаено сино цвете
- Што шуми школката
- Телеграма од ластовичките
- Стонога
- Се карале глувците
- Верверичина приспивна песна
- Мечешка приспивна песна
- Шаткина приспивна песна
- Слонова приспивна песна
- Што сонува лавот
- Гатанки (Белец и потковица, Сијалица, Зелен пламен, Чун, Брош, Греда, Штрк на покривот, Слатка зима, Две птици, Камен)
- Каде ќе сееме смеа
- Априлилили
- Риба за вечера
- Рампинија
- Глувче
- Страв
- Мачор на покривот
- Багдадска приказна
- Песна на безделникот
- Мишо ги пребарува своите џебови
- Стол и клупа
- А зошто да не може...
- Што се случи
- Сто волци
- Сомот и ракот
- Чуден бунт
- Тешка болест
- А кај нас...
- Рибару, рибару!
- Како живее Антунтун
- Името на царевата птица
- Палавостите на пролетниот ветер
- Кога би оделе дрвјата
- Отвори ѝ прозорец на пролетта
- Летен ветер
- Добро утро
- Кога паѓаат ѕвездите
- Приказна за месечината
- Момче во болница
- Ливадата се подновила
- Најубав брод
- Зевалка
- Каква боја има потокот?
- Морето и боите
- Зошто служи небото
- Најубавата боја
- Тргнал дедо Петар
- Пролетен дожд
- Од што се направени темјанушките
- Сончевиот залез
- Светулка
- Утринска песна на чучулигата
- Врбова свирка
- Гитарата на есенскиот ветер
- Сликар
- Четворицата сликари и јаболкницата
- Кога зимата сака
- Ветрот ги брои лисјата
- Морска ѕвезда
- Липа и есен
- Мојот црн другар
- Славеј и болно дете
- Дај ми ја месечината, тате
- Држете го крадецот
- Ние децата
- Пред големиот празник
- Мај
- Марама црвена како крв
- Девојчето ѝ вели на пролетта
- Два збора
- Курирот и шумата
- Утрински разговор
- Споменикот на Хирошима
- Детска планета
- Новогодишни подароци
- Песна за сите деца на светот
- Кога ќе се раскажат сите приказни
Осврт кон делото
уредиЗбирката се одликува со разнообразност во тематиката и во пораките: од обична, секојдневна игра и палавост, преку набљудување на природата и животот, до желби од универзален карактер. Притоа, поетот поставува многу прашања и ги кани читателите на размислување и откривање на светот и животот. Темите во неговите песни се секојдневни, обични и сите мотиви читателот може да ги доживее како свои, а во неговата поезија сè е разиграно и насмеано, исполнето со живот, со игра, со мечатаење и со хумор. Витез со многу љубов и со познавање зборува за особеностите на луѓето, во прв ред, за децата, и нуди воспитни пораки за пријателство, разбирање на другите, хуманост, другарство, трудољубивост, стремење кон доброто... Во неговиот поетски свет нема темни бои, црнила, страдања, тага и трагични мигови; напротив, песните дишат со оптимизам поздравувајќи го животот.[3]
Наводи
уреди- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990.
- ↑ Тамара Арсовска, „Светот на детството — светот на играта и фантазијата“, во: Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 97-98.