Грива тресе, бисер рони
„Грива тресе, бисер рони“ — збирка со македонска народна епска поезија, во избор и редакција на Томе Саздов, кој е автор и на предговорот. Книгата е објавена од страна на новинско-издавачката установа „Заштита“ од Скопје, во 1970 година, а била испечатена во печатницата „Наша книга“ во тираж од 6 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1]
Содржина
уредиЗбирката содржи 66 песни, поделени во шест циклуси:[1]
- Митолошко-религиозни песни
- Историски песни
- Војник Огнен
- Девет браќа јунаци
- Турчин низ гора врвеше
- Бела Јана се дави од Турци
- Мома војник го одменува татка си
- Неда и три синџири робје
- Ајрадин-паша во село Галешник
- Јуначки песни
- Ајдутски песни
- Револуционерно-комитски песни
- Ранет јунак и црна орлица
- Песна за Гоце Делчев
- Ранет Делчев војвода
- Заплакало е Мариово
- Славни комити, сè Македонци
- Млад загинал за слобода
- Мануш војвода
- Станиш војвода
- Песна за Питу Гулев
- Петре Михов и дервиш Полиц
- Џемо и Мицко комита
- Што ми е мило ем драго
- Стојан комита
- Низ Петлец идат трима војводи
- Малина мома и Гоце Делчев
- Спиро Црне и Ќучук Сулејман
- Болен ми лежи Миле Поп-Орданов
- Битката при Мечкин Камен
- Дека ќе одеш, Апостоле?
- Селим ага и Ѓорѓија Лажот
- Црна се чума зададе
- Кољо Капидан
- Партизански песни
- Листај се, горо, шумај се
- Силна ми војска идеше
- Таму горе во планина
- Гледај ме, мило либе
- Ајде ќе те прашам
- Абер дојде од Тетово
- Таму ле, мајко, близу Битола
- Што ми е мило ем драго
- А бре Македонче
- Затвореничка песна
- Сите се писае, мамо
- Темен се облак зададе