Момчула војвода — македонска епска народна песна.

Содржина

уреди

Ноќе, Момчула го подготвува коњот. Кога сопругата го прашува каде ќе оди, тој одговара дека ќе оди во Солун и во Белград, каде има две љубовници, како и во Истанбул каде ја љуби сестрата на царот Костадин. Тогаш, таа испраќа писмо до царот, советувајќи го да собере војска и да го пречека Момчула во недела, кога тој оди ненаоружан в црква во Манастир (Битола). Додека Момчула се враќа дома, го опколува царската војска од три илјади војници, но благодарение на својот коњ, Момчула успева да го пробие обрачот. Тој пристигнува во својот дворец, но ги наоѓа портите заклучени. Тогаш, тој ја повикува својата сестра на помош, но таа му кажува дека неговата сопруга ѝ ја залепила. Сепак, сестра му си ја сече косата и така се ослободува, па зема платно и го спушта со цел Момчула да се искачи по него. Меѓутоа, неговата сопруга го сече платното, па Момчула паѓа и погинува. Кога влегува во неговиот двор, царот ја бара облеката на Момчула, а кога гледа колку е таа голема, тој сфаќа каков јунак бил Момчула. Затоа, царот наредува да ја запалат неговата сопруга, а сестра му ја носи во Истанбул.[1]

Наводи

уреди
  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 35-38.