Џемаил ага и Иванчо војвода

Џемаил ага и Иванчо војвода - македонска епска народна песна.

СодржинаУреди

Џемаил ага доаѓа во мариовското село Рожден каде јаде, пие, се весели и ги љуби девојките, а жените и децата плачат поради неговото однесување. Тогаш се појавува војводата Иванчо со неговите придружници Гого и Бешо. Џемаил набрзина бега од селото, а од страв го заборава оружјето. Меѓутоа, Иванчо го убива агата, а потоа го соблекува и му ја сече главата.[1]

НаводиУреди

  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 90-91.