Малина мома и Гоце Делчев

Малина мома и Гоце Делчев - македонска епска народна песна.

Содржина

уреди

Гоце Делчев ја повикува Малина да дојде на планината Круша во близината на Кукуш. Тој ѝ дава пари за да купи свила во Кукуш, наменета за изработка на знаме за неговата чета. Кога Малина ја купува свилата, на бегот му кажува дека ќе шие фустан и дека парите ѝ ги испратил братот од САД. Потоа, таа оди во Солун и наоѓа кројач кој тајно го изработува знамето, а потоа оди кај Гоце Делчев на планината Круша. Таму го развиваат знамето на кое е извезена паролата „Смрт или слобода на Македонија“, а четата прославува. Гоце Делчев ѝ кажува на Малина да се врати во Кукуш и да им каже на неговите родители дека тој се бори за Македонија.[1]

Наводи

уреди
  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 119-122.