Марко и цар Мурат
Марко и цар Мурат или Марко и Мурат-бег — македонска епска песна за Крале Марко.
Содржина
уредиЦарот Мурат наредува Турците да не пијат вино, а христијаните да не носат зелена облека. Крале Марко не ја слуша наредбата и ги присилува Турците да пијат вино на Рамазан, а самиот тој си носи зелена наметка. Затоа, царот дава проглас дека кој ќе го убие Марко, за награда ќе ги добие градовите Скопје и Едрене. На прогласот се јавува црна Арапина, кој оди во потрага по Марко, кого го наоѓа по меаните во Стамбол (Истанбул) како безгрижно си јаде и пие. Арапот не го препознава Марко, кажувајќи му дека сака да го зароби или да го убие. Слушајќи ги тие зборови, Марко му ја сече главата на Арапот и му ја носи на царот Мурат. Тогаш, царот му дава дозвола да прави што сака, а освен тоа, му ги дава градовите Скопје и Едрене.[1][2]