Мома војник го одменува татка си

Мома војник го одменува татка си — македонска епска народна песна.

Содржина

уреди

Царот издава проглас во кој ги собира мажите во војска. Јанко има девет ќерки, а најмалата ќерка, Тодора, прифаќа да го одмени својот татко. Притоа, таа бара од него да оди на пазар и да купи коњ, пушка, облека и сабја, како и да собере дружина. Кога се приклучува кон царската војска, царицата забележува дека во војската има една девојка. По нејзиниот наговор, царот ги испраќа војниците во градината за да наберат цвеќе, но Тодора прави онака како што прават војниците и царот не може да ја открие. Потоа, царицата го наговара царот да ги испрати војниците на пазар, очекувајќи дека Тодора ќе купи фурка и вретено, но таа повторно прави онака како што прават останатите војници. Кога царот бара од војниците да фрлаат камен, Тодора фрла колку другите војници и царот не може да ја открие. Најпосле, по отслужените три години, сите војници свират, а само Тодора пее и дури тогаш царот дознава дека таа е девојка.[1]

Наводи

уреди
  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 25-28.