Стојан и сестра му Проја

Стојан и сестра му Проја — македонска епска народна песна.

Содржина

уреди

Додека владее голема сиромаштија и глад, Стојан не може да ги храни своите девет машки деца и се обраќа за помош кај својата богата сестра Проја. Наместо да му даде храна, таа го советува да го пречека караванот и да помогне во носењето на товарот, убедувајќи го дека ќе му дадат дел од храната која ја пренесува караванот. Стојан ја завршува работата, но не добива ништо. Затоа, тој оди кај реката Ситница, полни вреќа со песок и им дава на децата да јадат. Од песокот, децата умираат, а тој заминува во ајдуци.[1]

Наводи

уреди
  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 102-103.