Ранет јунак — македонска епска народна песна.

Содржина

уреди

Ајдутскиот војвода Тове е смртно ранет и бара од дружината да го закопаат во планината, а крај гробот да го врзат неговиот коњ. Притоа, тој му вели на коњот да не се покорува, ако на гробот дојде татко му, зашто тој ќе го продаде; исто така, да не се покорува ако на гробот дојде брат му, зашто тој ќе го товари; но да се покори, ако на гробот дојде мајка му, зашто таа добро ќе се грижи за него, а истовремено, само таа ќе го споменува својот син.[1]

Наводи

уреди
  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 85-86.