Свети Петар и неговата мајка

Свети Петар и неговата мајка — македонска епска народна песна.

Содржина уреди

Свети Петар оди во рајот, а по него оди мајка му. Тој лесно минува по мостот што води во рајот, додека таа не може да помине. Тогаш, св. Петар ѝ спомнува за нејзините гревови: кога ја посетила св. Никола и св. Илија преправени во просјаци, таа одбила да им даде храна, а кога најпосле им дала стар леб, веднаш се предомислила; кога била на кршевка, не им дала ништо на дечињата; кога била меанџика, виното го мешала со вода; а кога позајмувала брашно од сиромашните, заемот го враќала така што брашното го мешала со пепел. Поради нарпавените гревови, мајка му на св. Петар завршува во пеколот, а тој го моли бога три години и три дена да се смилува на неа. Најпосле, господ се смилува и му кажува на св. Петар да пушти јаже до пеколот за да ја извлече мајка му, заедно со 70 други грешни души. Меѓутоа, мајка му не им дозволува на грешниците да се фатат за нејзините ракави и тогаш господ го прекинува јажето, а таа паѓа на дното од пеколот.[1]

Наводи уреди

  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 11-14.