Ајрадин-паша во село Галешник

Ајрадин-паша во село Галешник — македонска епска народна песна.

Содржина

уреди

Ајрадин-паша ги собира Тоските и се упатува кон Галешник (Галичник). Кога војската ги насочува топовите кон селото, тројца селани го молат пашата да не го разурнува селото, зашто тоа го снабдува Истанбул со овци за Бајрам. Пашата се откажува од намерата и ја повлекува војската, а притоа уште еднаш погледнува низ двогледот кон селото. Тогаш, тој здогледува три девојки, собрани на чешма, кои го колнат пашата.[1]

Наводи

уреди
  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 29-31.