Војник Огнен
Војник Огнен — македонска епска народна песна. Се проценува дека песната потекнува од XII век со што таа е една од најстарите македонски епски народни песни.[1]
Содржина
уредиОгненица рони солзи зашто ја гледа војската како се враќа дома, а меѓу војниците го нема Огнен, туку само неговиот коњ. Татко му на Огнен дознава од војниците дека Огнен останал да живее со Тодора во Едрене. Тогаш, Огненица ја дава идејата таа и свекор ѝ да се претворат во питачи и да заминат во Едрене за да го пронајдат Огнен. Таму, тие застануваат крај чешмата и го молат слугата на Огнен да им даде да се напијат вода. Тогаш, Огненица го става прстенот во ибрикот, а додека пие вода, Огнен го препознава прстенот. Тој оди кај чешмата и се среќава со сопругата и со татко си, потоа Огненица останува да живее со него, а Тодора му станува слугинка.[2]