Бела Јана се дави од Турци

Бела Јана се дави од Турци — македонска епска народна песна.

Содржина

уреди

Турците и Грците го опсадуваат Будим во потрага по Јана и најпосле го освојуваат градот, но не ја наоѓаат Јана. Затоа, бараат од мајка ѝ да каже каде е Јана, но таа одбива и Турците ѝ ја сечат главата. Потоа, го фаќаат татко ѝ, но и тој одбива да ја предаде Јана, па му ги сечат рацете. Исто така, ниту братот не ја предава Јана, иако му ги сечат нозете. Меѓутоа, без никакво мачење, снаата ја предава Јана, кажувајќи им на Турците да ја бараат во шумата. Турците ги сечат сите дрва во планината и оставаат само едно на кое ја наоѓаат скриената Јана. Откако ја заробуваат, Јана ги моли да ѝ ја ослободат левата рака за да ја измие косата. Потоа, бара да ѝ ја одврзат десната рака за да је сплете косата, но тогаш таа бега и се фрла во Дунав за Турците да не уживаат во нејзината убавина.[1]

Наводи

уреди
  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 23-25.