Географија на Србија

(Пренасочено од Граници на Србија)

Србија е држава која се наоѓа во држава на Балканскиот полусотров и во Средна Европа.

Географски координати :

Граници

уреди

Вкупната површина на земјата изнесува 88 361 км2, и според тоа се наоѓа на 113 место по големина во светот. Границите на Србија вкупно зафаќаат 2.351,8 км; на север се граничи со Унгарија (174,7 км), на исток со Романија (547,9 км), Бугарија (360 км), на југ со Република Македонија (238 км) на југозапад со Црна Гора (249,5 км) и Албанија, преку Косово (113,4 км), на запад со Босна и Херцеговина (363 км) и Хрватска (259 км).

Главниот град Белград е најголемиот во државата и на Балканот со околу 1 500 000 жители.

Границата со Унгарија

уреди

Границата со Унгарија е вештачка и отворена. Долга е 174,7 км. Гранични премини се Бачки Брег, Хоргош, Келебија, Бездан (речен, на Дунав) и Кањижа (речен, на реката Тиса).

Границата со Романија

уреди

Границата со Романија е комбинирана (природно-вештачка), неетничка и отворена. Долга е 547,9 км, од кои 230 километри на Дунав. граничните премини се: Српска Црња, Ватин, Калуѓерово, Ѓердап,Велико Градиште (речен), Долни Милановац (речен), Усије (речен) и Прахово (речен).

Границата со Бугарија

уреди

Границата кон Бугарија е долга 360 километри. Гранични премини се Мокрање, Вршка Чука, Градина, Стрезимировци и Рибарци.

Границата со Македонија

уреди

Границата на Србија со Македонија е комбинирана (природно-вештачка). Долга е 273 километри и се протега од тромеѓето кај селото Жеравино до планинскиот врв кај селото Рестелица. Патни гранични премини се: Голеш, Прохор Пчињски, Прешево, и Глобочица. Железнички премин е: Прешево.

Границата со Албанија

уреди

Границата со Албанија е долга 111 километри и се протега од тромеѓето меѓу Србија, во делот кон Косово, Македонија и Албанија кај местото Рестелица до тромеѓето на Србија, Црна Гора и Албанија на планината Богиќевици (2.092 мнв). Ова е најкратката државна граница на Србија и на неа постојат два патни премини: Ќафа Прушит (кај Ѓаковица и Врбница (кај Призрен). Од 10 јуни 1999, границата кон Албанија не е под контрола на Република Србија, иако Резолуција 1244 предвидува Србија да задржи контрола над клучните гранични премини.

Границата со Косово

уреди

Границата со Косово е административна (провинциска). Се простира од тромеѓето меѓу Македонија, Косово и Србија во делот од Прешево па сè до Рашка. По војната, создаден е кумановскиот договор каде е договорено разграничување и формирање на Копнена зона на безбедност (5км) и на Воздушна зона на безбедност (25км). Поради тоа што Србија не го признава Косово како независна држава, суспендирани се сите цивилни и воени летови меѓу Централна Србија и Косово. Патни гранични премини за влез и излез се: Брњак и Јариње на Северно Косово, Мердаре во близината на Куршумлија, како и граничниот премин Кончуљ во близина на Бујановац. Воедно, оваа граница е една од најстарите поради тоа што е создадена како граница меѓу Србија и Отоманското Царство.

Границата со Црна Гора

уреди

Границата со Босна и Херцеговина

уреди

Границата со Хрватска

уреди

Население

уреди

Според пописот, вкупното население во Србија е околу 7.365.507 жители. Густината на населеноста е 107.46/км2 жители на квадратен километар.

Клима

уреди

Србија се наоѓа на крстопатот од централна, јужна и источна Европа, помеѓу Балканскиот полуостров и Панонската низина. Голем потенцијал во Србија има речниот транспорт. Иако не излегува на море, во Србија има околу 2000 колометри пловни реки и канали од кои најголем е Дунав-Сава-Тиса со кој се поврзува со Западна Европа, Јужна Европа и Источна Европа. Регионални речн и пристаништа се Белград, Нови Сад и Смедерево.

Северната третина од земјата се наоѓа во Средна Европа, додека источниот дел од Србија зазема дел од Влашката низина. Остатокот од земјата е прекриен со планински венци. Најголем врв во Србија е Ѓеравица.

Национални паркови на Србија се:

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди