Богоја Андреев Стојанов ( 1926 во Горно Соње, Скопско1945 во Скопје) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Богоја Стојанов
Роден 1926 година
Горно Соње, Скопје, Македонија
Починал декември, 1945 година
Скопје, Македонија
Ранет, не закрепнал од раните и починал во скопската болница.

Животопис

уреди

Израснат е во сиромашно семејство. По завршеното основно училиште, се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. Учествувал во завршните операции за ослободување на Македонија. Во составот на Шеснаесеттата македонска ударна бригада заминал на Косово и зел учество во многубројните акции за ликвидирање на балистичките банди. Подоцна учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт и борбите за ослободување на Војводина и дел од Хрватска. Неколку денови пред крајот на војната, на 4 мај 1945 година, бил тешко ранет. Лечењето во болницата на фронтот, како и во скопската воена болница, не му помогнале. Подлегнал на раните кон крајот на 1945 година.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 134. На |first= му недостасува |last= (help)