Горно Клештино

село во Леринско, Егејска Македонија

Горно Клештино (грчки: Άνω Κλεινές, Ано Клинес; до 1926 г. Άνω Κλέστινα, Ано Клестина[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 179 жители (2011).

Горно Клештино
Άνω Κλεινές
Горно Клештино is located in Грција
Горно Клештино
Горно Клештино
Местоположба во областа
Горно Клештино во рамките на Лерин (општина)
Горно Клештино
Местоположба на Горно Клештино во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°50.44′N 21°22.56′E / 40.84067° СГШ; 21.37600° ИГД / 40.84067; 21.37600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000635000000635 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно179
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа на бреговите на Стара Река, 21 км јужно од Битола и 7 км северозападно од Лерин,[3] а веднаш западно од Долно Клештино. Лежи во подножјето на Пелистер, во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во постаро време ова било чисто македонско село, но во последниот период на XIX век тие биле истиснати од Албанци муслимани кои тука се доселиле.[3] Старата црква во центарот на селото, според едни сознанија била посветена на Свети Никола, а според други на Света Петка, било уништено од Османлиите, а на нејзино место била изградена медреса која постоела сè до 1924 г. Западно од селото е манастирот „Св. Илија“, а на исток бил манастирот „Св. Прокопиј“, уништен од Албанци муслимани. Иконите од манастирот биле преместени во истоимената црква во Кладороби.[4]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишал Клештина како македонско село.[5][6] Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го одбележал Горно Клештино како македонско село.[5][7] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Клештени (Klechténi) било село во Леринската каза со 200 домаќинства и 600 жители Македонци.[8][9]

Кон крајот на XIX век етничката слика на селото се променила поради доселувањето на Албанците. Така, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) веќе во 1900 г. Горно Клештино имало 350 жители Албанци муслимани.[10] Во следниот период Боривое Милоевиќ забележал дека 200 албански муслимански и 7 македонски православни куќи,[3] што се должи на фактот што во меѓувреме некои Македонци од околните Буф, Раково, Турје, Битуша други села тука почнале да купуваат имоти и да се населуваат.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Клештина се води како чисто албанско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[11]

Во Грција

уреди
 
Момче и девојче од Клештино во народни носии, 1918 г.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во Горно Клештино се заведени 749 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 911.[3] Во 1924 г. според Лозанскиот договор албанското муслиманско население е иселено, а на негово место се доведени 484 Грци, дојденци од Мала Азија и Источна Тракија. Во 1928 г. Горно Клештино е попишано како македонско-дојденско село со вкупно 584 жители,[3] од кои 381 лице (85 семејства) биле дојденци.[12]

Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Клине.[13]

Во 1940 г. е заведено дека Горно Клештино имало 740 жители, од кои преку една третина биле Македонци.[3] Селото значајно пострадало во Грчката граѓанска војна, поради што во 1951 г. населението се намалило на 656 жители. Опаѓањето продолжило и понатаму поради иселување во градовите и прекуокеанските земји во текот на 1960-тите, што важи особено за Македонците. Така, во 1961 г. селото броело 540 жители, за во 1971 г. драстично да се намали на 267 жители. Во 1981 г. се попишани 236, а во 1991 г. — 207 лица.[3] Во следното десетлетие е забележан извесен пораст, поради што во 2001 г. се заведени 222 жители, за во 2011 г. повторно да опадне на 179 лица.

Според проучувањето од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-дојденско“, а македонскиот јазик во него е слабо зачуван.[14]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 740 656 540 267 236 207 222 179
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото се смета за доста богато. По граѓанската војна тука се подигнати големи овоштарници, особено јаболкници кои даваат добар принос. Развиено е и сточарството.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Κλέστινα - Άνω Κλειναί
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 148.
  4. Στρέζου, Ελένη (декември 2014). Η Εκπαίδευση και ο Πολιτισμός στη Φλώρινα την περίοδο της Κατοχής και του Εμφυλίου μέσα από τον Τοπικό Τύπο [1940 - 1949). Μεταπτυχιακή Διπλωματική Εργασία (PDF). Φλώρινα: Πανεπιστήμιο Δυτικής Μακεδονίας, Παιδαγωγική Σχολή Φλώρινα, Παιδαγωγικό Τμήμα Δημοτικής Εκπαίδευσης. стр. 236. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-06-01. Посетено на 2019-11-17.
  5. 5,0 5,1 нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.
  7. Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  8. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 84-85.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.
  12. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"