Јужен Буг (украински: Південний Буг; руски: Южный Буг) — река сместена во Украина.[1]

Јужен Буг
украински: Південний Буг
Река
Реката Јужен Буг во близина на Виница, Украина
Земја Украина
Утока
 - местоположба Делта на Буг, Украина
Должина 806 км
Слив 63.700 км2
Јужен Буг низ Украина
Јужен Буг низ Украина
Јужен Буг низ Украина

Изворот на реката е во западниот дел на Украина, во Волинско-Подилската Висорамнина, околу 145 километри од полската граница, од каде тече кон југ во делтата на Буг (црноморски слив) низ јужните степи. Долга е 806 километри и покрива слив од 63.700 км².

Поголеми градови на Јужен Буг се: Хмељницки, Виница, Первомајск, Миколајв (подредени низводни, т.е. кон југ).

Етимологија и историја

уреди

(украински: Південний Буг; украински: Бог; полски: Boh; руски: Южный Буг, отомански турски: Aksu)

Херодотус е изведено од старогрчки: Хипанис (Hypanis).[2] Во текот на големата преселба на народите, Јужен Буг била важна пречка за сите племиња, кои се преселувале.

Локалното словенско име на реката било Бог, што било изведено од зборот богат (украински: багата). Славниот француски воен инженер и географ Гијом Левасер де Боплан ја именувал реката како Руски Буг (украински: Бог Руський).

Од 16 век, поголемиот дел на Јужна Украина била дел од Кримскиот канат и Отоманското Царство и била наречена Aq-su што означува Бела река.

Јужен Буг е руско име, кое било воспоставено за време на колонијалниот период на Украина. Името е сега прифатено како единствено.

На 6 март 1918, Централниот совет на Украина го донел законот „За административно-територијалната поделба на Украина“, со која Украина била поделена на повеќе земји. Една од овие земји во горниот тек на реката била именувана „Побожја“ (украински: Побожжя).

Пловност

уреди

Реката е технички пловна на десетици километри од нејзиниот влив во Црното Море, каде постојат и неколку речни пристаништа (како што е Вознесенск).

Во 2011 биле објавени планови за обнова за пловење на Јужен Буг поради зголемување на извозот на житото од Украина.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Енциклопедија Британија: Јужен Буг (река)“. Енциклопедика Британика. Посетено на 8 мај 2011.
  2. „Истории, Херодотус, стр. 165“. Books.google.com. 30 јануари 2009. Архивирано од изворникот на 2014-07-01. Посетено на 5 јануари 2013.
  3. «НИБУЛОН» заложил основу собственного флота(украински)

Надворешни врски

уреди

46°59′N 31°58′E / 46.983° СГШ; 31.967° ИГД / 46.983; 31.967