Географија на Албанија

Албанија е држава која се наоѓа во западниот дел на Балканскиот Полуостров во југоисточна Европа. На нејзината западна страна се наоѓа Јадранското Море и Јонското Море. Протокот Отрантска Врата, ја дели Албанија од Италија.

Топографска карта на Албанија

Граници

уреди

Албанија на северозапад се граничи со Црна Гора, Косово на североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад. Целата должина на земјишната граница на Албанија изнесува 717 км од кој 282 км со Грција, 151 км со Македонија, 112 км со Косово 172 км со Црна Гора. Крајбрежјето е долго 365 км.

Површината на Албанија изнесува 28.748 км2, и според неа се наоѓа на 139 место во светот. Врз поголемиот дел (70%) од територијата на Албанија се простираат планини, како Северните Албански Алпи, па Динаридите, Централните Планини (вклучувајќи го и највисокиот врв Голем Кораб, кој се наоѓа на планината Кораб на границата со Република Македонија со висина од 2.764 м). Јужните планински масиви се наоѓаат во Јужна Албанија. Шумите покриваат од 40 до 47% од албанската територија, додека 50% од одгледуваното земјиште има иригација. Двата главни речни басени, реките Дрим и Војуша (Вјоса), ја карактеризираат западната хидрологија на државата. Јужната половина на Албанија е геолошки (сеизмички) активна зона.

Население

уреди

Бројот на жители во Албанија изнесува 3 619 778 души според пописот на населението од 2008 година и според истото се наоѓа на 130 место по бројот на население во светот. 35% од населението живее во градските населби. Албанците сочинуваат 95% од населението. Oстанатото население се состои од Грци, Македонци, Власи, Роми, Црногорци, Срби и друго. Историски, државата е разделена на Северна Албанија и Јужна Албанија. Како граница помеѓу северот и југот се смета реката Шкумба, која воедно е и граница меѓу Тоските и Гегите.

Религија

уреди

Во Албанија, 70% од населението се Муслимани, 20% православни, и 10% Католици. Во 1990 албанската влада го промена декретот од 1969. година, кој ја направи Албанија да биде првата официјално светска атеистичка држава.

Клима

уреди

Под влијание на најразлични фактори, климата во Албанија е разнообразна. На запад, по јадранското крајбрежје таа е средоземна, на исток умерено континентална клима. Летата се одликуваат со средна јулска температура од 25 °C, а зимата со средна температура до 9 °C

Јан Феб Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Нов Дек
Просечно ниска
(°C/°F)
2 °C 2 °C 5 °C 8 °C 12 °C 16 °C 17 °C 17 °C 14 °C 10 °C 8 °C 5 °C
Просечно висока
(°C/°F)
12 °C 12 °C 15 °C 18 °C 23 °C 28 °C 31 °C 31 °C 27 °C 23 °C 27 °C 14 °C
Влажност во % 71 69 68 69 70 62 57 57 64 67 75 73
Сонце (час/ден) 4 4 5 7 8 10 12 11 9 7 3 3
Врнежливи денови 13 13 14 13 12 7 5 4 6 9 16 17
Spring: Climate data Архивирано на 30 септември 2015 г.