Гварански јазик

(Пренасочено од Гвараниски јазик)

Гваранскиот јазик (avañe'ẽ, шпански: Guaraní) или познат како парагвајски гварански јазик — староседелски јазик во Јужна Америка кој е дел од семејството на туписки јазици. Гваранскиот е еден од службените јазици во Парагвај, каде се зборува од мнозинското население и половина од руралното парагвајско население зборува само на гварански[2] Покрај Парагвај, јазикот се зборува во соседните држави, поточно во северна Аргентина и југозападен Бразил. Во аргентинската покраина Кориентес гваранскиот јазик е службен јазик[3].

Гварански јазик
avañe'ẽ
Изговорʔãʋ̃ãɲẽˈʔẽ
Застапен воАргентина, Бразил, Парагвај
НародГварани
Говорници4,650,000 во Парагвај (1995 г.), 200,000 во Аргентина  
Јазично семејство
Писмогваранска азбука
Статус
Службен во Парагвај
Кориентес, Аргентина[1]
Меркосур
Бразил (регионален)
Јазични кодови
ISO 639-1gn
ISO 639-2grn
ISO 639-3gug
{{{mapalt}}}

Гваранскиот е единствениот староседелски јазик кој го зборува голем дел нестароседелско население. Ова е несекојдневна ситуација во Америка бидејќи староседелските народи низ историјата престанувале да ги зборуваат своите јазици и започнувале да зборуваат на шпански. Терминот „гварански јазик“ најчесто се користи да се означи парагвајската верзија на јазикот, но важно е да се напомене дека јазикот сочинува поголем дијасистем.

Писмо

уреди

Сè до шпанската колонизација на Латинска Америка гваранскиот јазик не бил пишан јазик. Гваранскиот пишан стандарден јазик бил основан релативно скоро. Современата гваранска азбука се заснова на латиницата. Гваранскиот правопис е фонетски и вредноста на графемите е слична со таа на шпанскиот.

големи букви
A Ã Ch E G H I Ĩ J K L M Mb N Nd Ng Nt Ñ O Õ P R Rr S T U Ũ V Y ʼ
мали букви
a ã ch e g h i ĩ j k l m mb n nd ng nt ñ o õ p r rr s t u ũ v y ʼ

Наводи

уреди
  1. „архивска копија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-29. Посетено на 2011-07-25.
  2. Mortimer, K 2006 "Guaraní Académico or Jopará? Educator Perspectives and Ideological Debate in Paraguayan Bilingual Education" Working Papers in Educational Linguistics 21/2: 45-71, 2006
  3. „Website of Indigenous Peoples' Affairs which contains this information (шпански)[[Категорија:Статии со надворешни врски на шпански]]“. Архивирано од изворникот на 2005-10-27. Посетено на 2011-07-25. URL–wikilink conflict (help)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди