Гварански јазици
Гваранските јазици сочинуваат јазична подгрупа од семејството на туписки јазици. Најпознат претставник од ова јазично смејство е гваранскиот јазик, кој е национален и службен јазик во Парагвај.
Гварански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Аргентина, Боливија, Бразил, Парагвај |
Класификација: | туписки
|
Гранки: |
—
|
Јазици
уреди- Гварански дијалекти (гварански јазик): Западноболивиски гварански јазик, источноболивиски гварански јазик, парагвајски гварански јазик, чирипаско-гварански јазик, мбајаско-гварански јазик[1]
- ? каиваски јазик
- ачески јазик
- ? шетаски јазик
Гваранскиот и каиваскиот се слабо разбирливи меѓу себе, додека гваранскиот и аческиот воопшто не се разбирливи.[1] Местоположбата во јазичната група за јазикот шета не е јасна.
Наводи
уреди- ↑ These varieties are all described as part of the Guarani macrolanguage by Ethnologue 16