Вулнет Старова

Политичар од Македонија

Вулнет Старова (Подградец, 6 мај 1934 - 5 август 1995)[1]педијатар и политичар, Претседател на Собранието на СР Македонија.

Вулнет Старова
Претседател на Собранието
На должноста
28 април 1986 – 8 јануари 1991
Претходник Станко Младеновски
Наследник Стојан Андов
Лични податоци
Роден(а) 6 мај 1934
Поградец, Албанија
Починал(а) 5 август 1995(1995-08-05) (возр. 61)
Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Роден е во Подградец на 6 мај 1934 година. Во 1959 година го завршува Медицинскиот факултет на Скопскиот универзитет. Во 1965 година специјализира педијатрија во Клиниката за детски болести, а во 1975 година во Приштина брани докторат по социјална педијатрија.

Вршел повеќе јавни функции. Бил член на Претседателството на Синдикатот на општествените дејности, во Универзитетскиот совет и во Статутарната комисија на ЦК на КПМ.[2] Од 1974 до 1978 година бил потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ. Напоредно со тоа членувал и бил секретар на Републичкиот секретаријат за здравство и социјална политика. На 28 април 1986 година е избран за Претседател на Собранието на СР Македонија.[3] Функцијата ја извршуваше до 8 јануари 1991 година, кога беше конституирано првото повеќепартиско собрание. Потоа работеше на Медицинскиот факултет, на Детската клиника, а извршуваше и професорска универзитетска дејност.

Автор е на книгите „Заедничко живеење: албанската народност во СР Македонија“ („Комунист“, 1988) и „Ацидобазна рамнотежа“ (во соавторство со Љубе Глигоровски, „Студентски збор“, 1989).

Наводи

уреди
Политички функции
Претходник
Станко Младеновски
Претседател на Собранието на Македонија
1986-1991
Наследник
Стојан Андов