Извршен совет на Собранието на Македонија од 1974
Извршниот совет на Народното Собрание на СР Македонија од 1974 е формиран на 8 мај 1974 година. Ја врши својата функција до 28 април 1978 година, кога е избран нов состав на Извршниот совет.
Состав на Извршниот совет
уредиСоставот на Извршниот совет е следниот:[1]
- претседател Благој Попов
- членови:
- Методија Стефановски, републички секретар за народна одбрана
- Мирко Буневски, републички секретар за внатрешни работи
- Горѓи Цаца, републички секретар за правосудство
- Владимир Митков, републички секретар за законодавство и организација
- Љупчо Копровски, републички секретар за образование и наука
- Живко Василевски, републички секретар за култура
- Радуле Костовски, републички секретар за информации
- Јездимир Богдански, републички секретар за здравство и социјална политика
- Душко Ѓорѓиев, републички секретар за труд
- Ристо Филиповски, републички секретар за финансии
- Александар Донев, републички секретар за индустрија и трговија
- Јанко Лазаревски, републички секретар за земјоделство и шумарство
- Асан Керим, републички секретар за економски односи со странство
- Александар Варналиев, републички секретар за сообраќај и врски
- Томислав Папеш, републички секретар за урбанизам, станбени и комунални прашања
- Павле Тасевски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
- Трајче Грујоски
- Вера Димитрова
- Андон Макрадули
- Стојан Маткалиев
- Ружа Панова
- Сејфедин Сулејмани
- Вулнет Старова
- Васил Туџаров
- Милан Хорват
Реконструкции на Извршниот совет
уредиНа 15 јули 1975 година Андон Макрадули е разрешен од функцијата член на Извршниот совет поради заминување на друга функција,[2] а на 30 септември 1975 година генерал-мајорот Миле Арнаутовски е избран за член на Извршниот совет и републички секретар за народна одбрана на местото на генерал-мајорот Методија Стефановски.[3]