Вроштани

село во Населичко, Егејска Македонија

Вроштани или Врождани (грчки: Άγιοι Ανάργυροι, Агии Анаргири; до 1927 г. Βρόστιανη, Вростјани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 16 жители (2021).

Вроштани
Άγιοι Ανάργυροι
Вроштани is located in Грција
Вроштани
Вроштани
Местоположба во областа
Вроштани во рамките на Горуша (општина)
Вроштани
Местоположба на Вроштани во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°16.40′N 21°10.16′E / 40.27333° СГШ; 21.16933° ИГД / 40.27333; 21.16933
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000930000000930 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно16
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во областа Населица, во источното подножје на планината Горуша. Лежи 30-ина километри југозападно од Лапчишта и околу 25 км северозападно од Цотил. На запад се граничи со селото Драмишта, а на југ со Костанско.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Од името е очигледно дека селото првично било македонско. На крајот на XIX век Вроштани било муслиманско гркојазично село во Населичката каза.

Вроштани е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век.

Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Вроштани (Βρόστιανη) живееле 140 Валахади (Грци-муслимани).[3]

Во Грција

уреди
 
Валахади во Вроштани во 1923 г., непосредно пред нивното иселување во Турција.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот истата година се заведени 279 жители.[4] кои во 1920 г. биле 286.[5]

Кон средината на 1920-тите жителите на селото како муслимани се иселени Турција по сила на Лозанскиот договор и на нивно место се доведени грчки доселеници од Понд. Во 1928 г. Вроштани е заведено како наполно дојденско село со 182 жители (46 семејства).[6]

Во 1940 г. населението на Вроштани броело 286 жители, но во 1960-тите населението драстично се намалило поради масовното преселување во градовите.[5] Ова намалување продолжило и понтаму, до денешен ден.

Во 1927 г. македонското име е сменето во Агии Анаргири (што значи Свети Бессребреници).

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 286 289 230 84 55 57 49 37 16
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението одгледува жито, компири, тутун и др. Делумно е застапено и сточарството.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρόστιανη -- Άγιοι Ανάργυροι
  3. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  4. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  5. 5,0 5,1 5,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 336.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.