Варминско-мазурско Војводство
Варминско-мазурско Војводство (полски: województwo warmińsko-mazurskie) — војводство во Североисточна Полска. Главен и најголем град е Олштин. Војводството зафаќа површина од 24.192 км2 и има 1.443.967 жители (2014).
Варминско-мазурско Војводство województwo warmińsko-mazurskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Варминско-мазурското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Олштин | ||
Окрузи | 2 градски, 19 земски окрузи * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 24.191,8 км2 (93,405 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 1.443.967 | ||
• Густина | 60/км2 (200/ми2) | ||
• Градскo | 856.559 | ||
• Селско | 570.532 | ||
Рег. таб. | N | ||
Мреж. место | wm.24.pl | ||
|
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од целото тогашно Олштинско војводство, западната половина на Сувалското и дел од Елблоншкото Војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по двете историски области во него — Вармија и Мазурија.
Војводството се граничи со Подлаското Војводство на исток, Мазовското на југ, Кујавско-поморското на југозапад, Поморското на запад, Висланскиот Залив на северозапад и Калининградската Oбласт (ексклава на Русија) на север.
Кон почетокот на новиот век, подрачјето било дел од Полско-литванската Државна Заедица. Со првата поделба на Полска во 1772 г. овие области влегле во новосоздадената пруска покраина Источна Прусија како нејзин јужен дел. По Втората светска војна подрачјето е поделено помеѓу Полска и СССР, а сето староседелско германско население е насилно протерано во Германија. И покрај прогоните, денес сепак постои малобројно германско малцинство.
Особено значење во војводството има Мазурското Поезерје, со преку 2.000 езера, меѓу кои и двете најголеми во земјата — Шњардви и Мамри. Меѓу препознатливите знаменитости се вбројуваат замоците како Лиѕбарчкиот, Пјењенежнскиот, Олштинскиот, како и Катедралниот Рид во Фромборк, каде живеел и работел астрономот Никола Коперник. Лиѕбарчкиот замок подоцна станал дом на Игнациј Красицки, наречен „Кнезот на полските поети“. Од посебно духовно значење се христијанските светилишта Швјента Липка во Мазурија и Гетшвалд во Вармија.
Варминско-мазурското Војводство има најбројно украинско население во Полска[1], што се должи на присилните преселби спроведени од СССР и полската комунистичка власт. Најпознат од овие потфати е операцијата „Висла“.
Градови и гратчиња
уредиВојводството има 49 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[2]
- Олштин (176.522)
- Елблонг (127.055)
- Елк (56.156)
- Оструда (33.419)
- Илава (32.326)
- Гижицко (29.667)
- Кентшин (28.000)
- Шчитно (25.680)
- Бартошице (25.423)
- Мронгово (21.772)
- Ѓалдово (20.824)
- Пиш (19.332)
- Брањево (17.875)
- Лиѕбарк Вармињски (16.390)
- Олецко (16.169)
- Ниѓица (14.761)
- Моронг (14.497)
- Голдап (13.641)
- Пасленк (12.179)
- Венгожево (11.638)
- Нове Мјасто Лубавске (11.036)
- Добре Мјасто (10.489)
- Бискупјец (10.348)
- Орнета (9.380)
- Лубава (9.328)
- Лиѕбарк (8.261)
- Олштинек (7.591)
- Барчево (7.401)
- Ожиш (5.804)
- Суш (5.733)
- Решел (5.098)
- Руќане-Њида (4.894)
- Корше (4.632)
- Гурово Илавецке (4.554)
- Бјала Писка (4.006)
- Миколајки (3.848)
- Јежорани (3.376)
- Рин (3.006)
- Пјењенжно (2.915)
- Толкмицко (2.731)
- Милаково (2.665)
- Пасим (2.550)
- Фромборк (2.529)
- Биштинек (2.493)
- Миломлин (2.305)
- Кишелице (2.208)
- Залево (2.152)
- Семпопол (2.015)
- Млинари (1.837)
Управна поделба
уредиВојводството е поделено на 21 округ, од кои 2 градски и 19 земски. Тие пак се делат на вкупно 116 општини.
Име и изворно име |
Површина (км²) |
Население (2006) |
Седиште | Други градови | Општини |
Градски окрузи | |||||
Елблонг Elbląg |
80 | 127.055 | 1 | ||
Олштин Olsztyn |
88 | 176.522 | 1 | ||
Земски окрузи | |||||
Бартошички powiat bartoszycki |
1.309 | 61.354 | Бартошице | Гурово Илавецке, Биштинек, Семпопол | 6 |
Брањевски powiat braniewski |
1.205 | 43.781 | Брањево | Пјењенжно, Фромборк | 7 |
Венгожевски powiat węgorzewski |
693 | 23.641 | Венгожево | 3 | |
Гижички powiat giżycki |
1.119 | 56.863 | Гижицко | Рин | 6 |
Голдапски powiat gołdapski |
772 | 26.989 | Голдап | 3 | |
Ѓалдовски powiat działdowski |
953 | 65.110 | Ѓалдово | Лиѕбарк | 6 |
Елблоншки powiat elbląski |
1.431 | 56.412 | Елблонг * | Пасленк, Толкмицко, Млинари | 9 |
Елчки powiat ełcki |
1.112 | 84.760 | Елк | 5 | |
Илавски powiat iławski |
1.385 | 89.960 | Илава | Лубава, Суш, Кишелице, Залево | 7 |
Кентшински powiat kętrzyński |
1.213 | 66.165 | Кентшин | Решел, Корше | 6 |
Лиѕбарчки powiat lidzbarski |
924 | 43.006 | Лиѕбарк Вармињски | Орнета | 5 |
Мронговски powiat mrągowski |
1.065 | 50.087 | Мронгово | Миколајки | 5 |
Ниѓички powiat nidzicki |
961 | 33.955 | Ниѓица | 4 | |
Новомјејски powiat nowomiejski |
695 | 43.388 | Нове Мјасто Лубавске | 5 | |
Олечки powiat olecki |
874 | 34.215 | Олецко | 4 | |
Олштински powiat olsztyński |
2.840 | 113.529 | Олштин * | Добре Мјасто, Бискупјец, Олштинек, Барчево, Јежорани | 12 |
Острудски powiat ostródzki |
1.765 | 105.286 | Оструда | Моронг, Милаково, Миломлин | 9 |
Пишки powiat piski |
1.776 | 57.553 | Пиш | Ожиш, Руќане-Њида, Бјала Писка | 4 |
Шчитенски powiat szczycieński |
1.933 | 69.289 | Шчитно | Пасим | 8 |
* седиштето не е дел од округот |
Галерија
уреди-
Олштинскиот замок
-
Утврдената катедрала во Фромборк — почивалиште на астрономот Никола Коперник
-
Лиѕбарчкиот замок
-
Катедралата „Св. Јаков“ во Олштин
-
Стариот дел на Решел
-
Богородичното светилиште во Швјента Липка
-
Дворецот во Смолајни — летниковец на Игнациј Красицки
-
Елблоншкиот Канал
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Малцински народи во Полска Архивирано на 7 ноември 2011 г. — Министерство за внатрешни работи и управа посет. 9 септември 2007 г (полски)
- ↑ Stat.gov.pl
Надворешни врски
уреди„Варминско-мазурско Војводство“ на Ризницата ? |
- Варминско-мазурско Војводство — официјално мрежно место