Волкашин
Волкашин (старословенски: Влъкашинъ) — крал на прилепското кралство и татко на Крале Марко. Во 1365 година бил прогласен за крал, а неговата држава ги опфаќала териториите: на Призрен, Костур, Вардар, албанските планини, Преспа, Охрид, Дебар, Скопје, Приштина. Тој го формирал манастирот Св. Димитрија, денес познат како Марков Манастир.
Kрал Волкашин | |||||
---|---|---|---|---|---|
Крал | |||||
Фреска на Волкашин од манастирот „Св. Никола“ во село Псача (XIV век) | |||||
На престол | 1365 - 1371 | ||||
|
Со тенденција за натамошно утврдување и легитимирање на кралството, Волкашин се потпрел на Охридската архиепископија, лишувајќи го т патријархот од Пеќ од јурисдикција врз Скопската и Призренската митрополија.[1] Кралот Волкашин погинал на 26 септември 1371 година, во Маричката битка заедно со брат му Углеша, а на престолот го наследил неговиот син Крале Марко.
Потекло и подем
уредиЗа потеклото на кралот Волкашин, како и за неговото семејство не се знае многу. Дубровничкиот историчар Мавро Орбин (1563 — 1610) запишал дека кралот Волкашин бил син на сиромашниот властелин Мрњава од Ливно во денешна Босна. Од Ливно, Мрњава се пресел во Херцеговина, во Благај на Буна, притока на Неретва, од каде Стефан Урош IV Душан го повикал на својот двор. На дворот браќата Мрњавчевиќ, Волкашин и Углеша, според византискиот историчар од втората половина на 15 века, Лаоник Халкокондил, биле носители на дворски титули пехарник и коњушар. Во современите извори прво се спомнува Углеша во 1346 како Душанов намесник во Требиње, додека Волкашин во март 1350 се наоѓа на положба жупан во Прилеп.
Волкашин во народното творештво
уредиСпоред народната песна, Волкашин најпрвин сакал да се ожени со Видосава, сопругата на јунакот Момчило кој живеел во градот Пирлитор. За да ја оствари својата намера, тој ја наговорил Видосава да го предаде Момчило кој, пред да умре го наговорил да ја земе неговата сестра Евросима наместо неверната Видосава. Така, тој ја зел Евросима во својто двор во Скадар, а таа му ги родила синовите Марко и Андрија.[2]
Кралот Волкашин е опеан во повеќе епски народни песни, како:
Наводи
уреди- ↑ Шукарова, Анета (2008). Историја на македонскиот народ. Институт за национална историја. стр. 123. ISBN 9789989159237.
- ↑ 2,0 2,1 „Женидба краља Вукашина“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 64-72.
- ↑ „Женидба краља Вукашина“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 30-37.
- ↑ „Зидање Скадра“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 38-43.
- ↑ „Зидање Скадра“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 73-84.
- ↑ „Урош и Мрњавчевићи“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 44-50.
- ↑ „Урош и Мрњавчевићи“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 85-91.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |