Ливно
Ливно — град и општина во централниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Херцегбосанскиот кантон. Според податоците од пописот во 2013 година, Ливно има 9.045 жители.
Ливно Livno | |||
---|---|---|---|
Град и општина | |||
Карта на градот | |||
Местоположба на градот | |||
Координати: 43°49′31″N 17°00′21″E / 43.82528° СГШ; 17.00583° ИГД | |||
Земја | Босна и Херцеговина | ||
Entity | Федерација Босна и Херцеговина | ||
Кантон | Херцегбосански кантон | ||
Прво споменување | 28 септември 892 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Лука Челан | ||
Површина | |||
• Општина | 994 км2 (384 ми2) | ||
Надм. вис. | 724 м | ||
Население (2013) | |||
• Вкупно | 37.487 | ||
• Густина | 38/км2 (100/ми2) | ||
• Град | 9.045 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 80101 | ||
Телефонски повик | 34 | ||
Мреж. место | livno.ba |
Историја
уредиРамнините на Ливно биле населени во околу 2.000 година п.н.е. Кон крајот на бронзеното време регионот бил населен од страна на повеќе индоевропски племиња познати како Илири. Регионот бил населен со илирското племе Далмати. Најважните остатоци кои биле откриени по должината на Ливно Поле се илирските населби. Трите најважни се Велика Градина, Мала Градина и Касалов Градац[1].
По римското освојување на оваа област регионот бил вклучен во составот на провинцијата Далмација. Во текот на дваесеттите години од првиот век од новата ера, римската власт изградила пат за поврзување со Салона.
Ливно како датум за своето основање го слави 28 септември 892 година, кога се наоѓал во составот на Кралство Хрватска. Од 1199 до 1326 година реонот бил дел од Захумлие, додека од 1326 до 1463 од Босанско Кралство. На почетокот од 15 век Босна била освоена од Османлиското Царство. Во текот на овој период започнала изградбата на градот. Џамијата Хаџи-Ахмед Дукат Минтер била изградена во почетокот на османлиското владеење. Во градот се наоѓаат и градби од познатиот османлиски архитект Мимар Синан, денеска во стариот дел.
Во 1878 година Ливно бил окупиран од Австроунгарија. Од 1918 станал дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во 1929 година кралството било преименувано во Кралство Југославија и поделено во девет бановини. Ливно спаѓал во Западна Бановина, со центар во градот Сплит.
Од 1941-1945, Ливно беше дел од Независна Држава Хрватска. Хрватскиот писател Иван Горан Ковачиќ како партизан својата поема „Јама“ ја напишал додека престојувал во градот. По крајот на Втората светска војна, Ливно станал дел од Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, како дел од СФРЈ, а по распаѓањето станал дел од Федерација Босна и Херцеговина.
Географија
уредиЛивно е 96 километри оддалечен од Сплит, 127 километри од Мостар, 167 километри од Бања Лука и 212 километри од Сараево. Општината зафаќа површина од 994 км2. Ливно претставува културен и индустриски центар на кантонот, како најголем град во Херцегбосанскиот кантон. Градот се наоѓа на надморска височина од 730 метри.
Низ градот Ливно тече реката Бистрица.
Население
уреди1879 | 1,425 | 31 | 2,394 | 52 | 778 | 17 | 0 | 0 | 4,597 | [2] | |
1948 | |||||||||||
1953 | |||||||||||
1961 | |||||||||||
1971 | |||||||||||
1981 | |||||||||||
1991 | |||||||||||
2013 |
Клима
уредиЛивно има стабилна континентална клима со студени зими и топли лета. Градот се наоѓа помеѓу планините Цинцар и Камесница кои ја прават климата повеќе од континентална. Зимите во тој дел од земјата не се студени како во Ливно. Климата во оваа област има благи разлики помеѓу врвовите и падините.
Населени места
уредиСпорт
уредиВо градот се наоѓа и седиштето на фудбалскиот клуб ФК Троглав Ливно кој настапува во Првата фудбалска лига на Босна и Херцеговина. ФК Троглав Ливно своите домашни натпревари ги игра на стадионот Згона кој има капацитет од 2.000 гледачи. Клубот бил основан во 1918 година.
Наводи
уреди- ↑ „Povijest Livna“. livno.ba. Municipality of Livno. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 29 December 2015.
- ↑ 1879 Glavni pregled političkoga razdielenja Bosne i Hercegovine
- ↑ 1948 census.
- ↑ 1953 census.
- ↑ 1961 census.
- ↑ 1971 census.
- ↑ 1981 census.
- ↑ 1991 census.
- ↑ 2013 census.
Надворешни врски
уреди„Ливно“ на Ризницата ? |
- Municipality of Livno website (хрватски)
- Livno Online (хрватски)
- Aero Club of Livno (хрватски)
- Tourism Association of Bosnia-Herzegovina site about Livno Архивирано на 16 септември 2008 г.