Водна површина
(Пренасочено од Водена маса)
Водна површина или водена маса е забележлива акумулација на вода како океан, езеро или река на Земјата или друго небесно тело. Некои водни површини можат да бидат вештачки - езерце, езеро или пристаниште, но највеќето се природни. Водените површини кои се пловни се нарекуваат водени патишта.
Изразот водна површина или водена маса поретко се користи за води во движење како реки, потоци и канали.
Видови водни површини
уреди- Акумулација - или вештачко езеро, долема површина каде се чува вода за разни потреби.
- Бара - мала водна површина од стојна вода
- Базен - мала водна површина како пливачки базен, отсјаен базен, езерце или локва.
- Басен - подрачје каде дождовница или снег се слева надолу во друга водна површина, како река, езеро, устие, мокриште или океан.
- Брана - препрека преку вода која ја го навртува текот надолу, создавајќи езеро или друга акумулација.
- Брод - преминлив дел од река или друга водна површина
- Вруток - самиот почеток (место на извирање) на една река.
- ледничко езеро - езеро кое се формирало со топењето на еден ледник по планина
- Драга - крајбрежен земјиштен облик. Ова е кружен теснец со тесен приод или пак закрилен залив.
- Езеро - слатка водна површина со значајна површина, сместена во рамките на едно копно.
- Езерце - најчесто вештачка водна површина слична на езерото.
- Залив - водна површина ограничена со копно од три страни.
- Речен залив - залив на река
- Затон - водена површина, обично слатка со одлики на едно или повеќе од следниве: залив, затон, драга, устие, ферт, фјорд, морски лох, мореуз и сл.
- Канал - физичко ограничување на една река, поток или теснец кој се состои од насипи (брегови) и тло.
- Вештачки канал - вештачки воден пат, обично поврзан со (или поврзувајќи) постоечки езера, реки или океани.
- Лагуна - окмпаративно плитка солена водна површина одделена од подлабокото море со плиток или издаден песочен насип, корален гребен или сл.
- Локва - мала акумулација на вода на тлото.
- Лох - водна површина како езеро, морски затон, ферт, фјорд, устие или залив.
- Морски лох - лох кој е морски затон.
- Мокриште - предел со суви и мокри одлики, кој зависи од особеностите на обете.
- Море - голема солена водна површина врзана со океан, или пак големо солено езеро како Каспиското Море и Мртвото Море. Во секојдневниот говор честопати океаните се нарекуваат мориња.
- Мореуз - голем морски или океански затон поголем од залив, со забележителна длабочина, поширок од фјорд, кој всупшност може да биде и тесен морски или океански канал меѓу две копна.
- Мочуриште - мокар предел со постојана потопеност и своја флора и фауна.
- Океан - најголема солена водна површина, која вкупно зафаќа 71% од Земјината површина.
- Поток - мала рекичка.
- Плимен поток - морски затон.
- Пристаниште - вештачко или природно место каде пловилата се оставаат и/или се засолнуваат од временските прилики.
- Проток - тесен воден канал кој поврзува две поголеми водни површини, и така се протега меѓу две копна.
- Река - природен воден пат со вода добиена или заради нагиб или топење на ледник, која тече од повисок во понизок терен.
- Устие - полузатворена кребрежна водна површина каде една или повеќе реки или потоци се влеваат, во слободна врска со отвореното море
- Ферт - ова се разни кјрабрежни води во Шкотска. Обично се однесува на голем морски залив, устие, затон или проток.
- Фитотелма - мали дискретни водни маси во растенија.
- Фјорд - засек во релјефот кој дошол до израз заради релативното подигање на морското ниво.