Пелистерски Очи
Пелистерските Очи се леднички езера на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 м, долго е 233 м, а широко 162 м. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180 м долго е 79 м а широко 162 м. Големото е длабоко 14,5 м а малото 2,6 м. Веднаш крај Големото Езеро има планинарски дом со капацитет од 50-100 легла и прекрасни терени за планинарење, алпинизам, планински велосипедизам и спортување. До езерата може да се стигне од две страни по две одлично обележани планинарски патеки. Едната патека води од с.Нижеполе од месноста Лак Поток (бараки) или ски-лифтот преку пределот Дебел Рид, а другата по која може да се движат и џипови и теренски возила започнува од хотелот „Молика“ и преку месноста Јоргов Камен, минувајќи зад Малото Езеро завршува кај планинарскиот дом до самото Големо Езеро. До Малото Езеро води и добро обележаната планинарска патека која води од планинарскиот дом на Големото Езеро (1 до 1,5 часа) кон највисокиот врв на целата планина - Пелистер (антени) висок 2601 метар. Во Големото Езеро живее и малуброен ендемски вид на риби. Во летниот период во студените води на двете езера често се капат многу посетители и планинари. Единствената точка од која може во видикот да се здогледаат двете езера се наоѓа веднаш штом се искачи на котата односно сртот над планинарскиот дом на Големото Езеро на патеката која води за врвот Пелистер и Малото Езеро.
Народно предание за настанокот
уредиМеѓу народот постои следното предание (легенда) како настанале овие две леднички езера познати како Пелистерски или Горски Очи. Во дамнешни времиња во минатото, на планината Баба под Пелистер живееле братчето Јорго и сестричката Флора кои имале свое стадо овци кое среќни го напасувале по целата планина[1]. Еден ден братчето се изгубило, по што сестрата започнала безуспешна потрага по која започнала непрестајно деноноќно да плаче и жали за својот загубен брат. Плачејќи непрестајно, солзите се слевале во двете вдлабнатини во кои се создале овие езера. Изнемоштена од тага, сестрата пред да почине кога ги видела убавите езера кои се создале им проговорила ако некогаш го видат нејзиниот брат да му пренесат да се измие и напие од нивните води за така таа да го помилува[1].
Галерија
уреди-
Глетка од Големото Езеро
-
Глетка од Големото Езеро со планинарскиот дом во позадината
-
Големото Езеро
-
Малото Езеро
-
Бистрите води на Малото Езеро
-
Поглед кон падината во која е циркот во кој се наоѓа Малото Езеро од планинарската патека која води кон врвот Пелистер
Надворешни врски
уреди- Страната на Пелистерските Очи на изборот за 7 светски чуда на природата Архивирано на 12 јули 2009 г.
40°58′20.75″N 21°11′38.63″E / 40.9724306° СГШ; 21.1940639° ИГД