Владимир Арсенијевиќ

Владимир Арсенијевиќ (српски: Владимир Арсенијевић; 1965, Пула) - српски писател.

Владимир Арсенијевиќ
Роден родена 1965 година
Пула,  СФРЈ
Занимање книжевник, публицист, преведувач

Животопис

уреди

Владимир Арсенијевиќ е роден во 1965 година, во Пула, а живее во Белград. Во младоста, во текот на пет години свирел во две рок-групи: „Урбана герила“ и „Berliner Strasse“. Во 1984 година, заминал во Лондон при што ја продал својата електрична гитара за да купи авионски билет. Таму живеел бедно работејќи во фирма за продажба на козметички производи. Во 1988 година ја запознал Слаѓана, својата идна сопруга со која решиле да се вратат во Белград, а тоа го направиле во март 1989 година. Во јуни истата година се венчале, а набргу Слаѓана останала бремена. По стапувањето во брак, тие живееле во станот на нејзините родители, а тој работел различни повремени работи. На 10 март 1990 година им се родил синот Филип, а во септември се вработил во трговската фирма „Elitex“. Во март 1991 година, Арсенијевиќ учествувал на големите демонстрации против режимот на Милошевиќ.[1] Во 2000 година ја основал издавачката куќа „Ренде“ во која работел како уредник до 2007 година. Исто така, тој е основач на регионалниот книжевен фестивал „Крокодил“ и на издавачката куќа за аудио-книгиРефлектор“. Во печатените и електронските медиуми во Србија и во околните земји редовно објавува колумни и есеи.[2]

Творештво

уреди

Првите книжевни обиди Арсенијевиќ ги направил во 1980-тите, кога го напишал својот прв роман, „Насмеан живот“, на 560 страници. Тој бил многу незадоволен од напишаното, но продолжил да пишува кратки раскази инспирирани од Кафка, Дилан Томас, Хармс и Анри Мишо, како и поезија инспирирана од Кавафи, Рилке, Песоа и Одн, а напишал и неколку слаби драмски текстови по угледот на Јонеско, Брехт и Бекет. Во тоа време бил воодушевен од Булгаков, Ман и Пруст. Во Лондон пишувал „брзо, многу и лошо“, а по 3-4 години се откажал, незадоволен од напишаното. Во 1990 година повторно почнал да запишува разни скици и дијалози, а тогаш настанала првата реченица од идниот роман „Во потпалубата“.[1]

Арсенијевиќ дебитирал на книжевната сцена во 1994 година, со романот „Во потпалубата“, прв дел од тетралогијата „Cloaca Maxima“, и веднаш постигнал голем успех. Романот бил награден со НИН-овата награда за роман на годината , како прва дебитантска книга која ја оавоила оваа награда. Набргу, романот стекнал култен статус, доживеал повеќе изданија и бил преведен на 20 јазици, а истоимената театарска претстава била наградена со Стериината награда во 1997 година. Во 1997 година се појавил вториот дел од тетралогијата, со наслов „Анѓела“, а по престојот во Мексико, Арсенијевиќ ја објавил книгата „Мексико - воен дневник“ (2000). Потоа, во 2004 година, во соработка со Александар Зограф, го објавил илустрираниот роман „Ишмаил“, а во 2008 година го објавил романот „Предатор“, кој ја добил Наградата за најдобра книга во мрежата на јавните библиотеки во Србија. Во 2009 година ја објавил збирката есеиЈуголабораторија“, а во 2011 година илустрираната новелаМинута - пат околу светот за 60 секунди“, заедно со Валентина Броштеан. Во 2013 година го објавил романот „Лет“, една година подоцна се појавила збирката раскази „Ова не е весело место“, а во 2016 година било објавено преработеното издание на „Анѓела“ со наслов „Ти и јас, Анѓела“.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Vladimir Arsenijević, U potpalublju: Cloaca maxima, Sapunska opera, Knjiga 1. Beograd: Laguna, 2016, стр. 9-30.
  2. 2,0 2,1 Vladimir Arsenijević, U potpalublju: Cloaca maxima, Sapunska opera, Knjiga 1. Beograd: Laguna, 2016, стр. 189-190.