Вишово
Вишово или Вишево — историско село во Охридско, на границата меѓу Општина Охрид и Општина Дебрца.
Вишово | |
Координати 41°9′42″N 20°46′41″E / 41.16167° СГШ; 20.77806° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Охрид |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 915 м |
Вишово на општинската карта Атарот на Вишово во рамките на општината | |
Вишово на Ризницата |
Географија
уредиВишово било сместено северозападно од Охрид, во планината на патот за Струга, во атарот на селото Оровник кон оној на Долно Лакочереј, над месноста Кулиште. Денес мештаните местото го нарекуваат Вишо (од Вишево > Вишово > Вишоо > Вишо).
Историја
уредиСелото се води во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридска нахија од 1582-1583 г. е запишано под името Вишешево (а во второто издание, како Вишово) со 31 христијански семејства и 11 неженети лица.[2]
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. селото имало 6 домаќинства со вкупно 22 жители Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Вишово (Вишоо) имало 18 жители, сите Македонци.[3][5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Габавци (Вичево) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 3 куќи.[6]
На почетокот на XX век населението потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Вишево (Vichevo) имало 16 жители, Македонци.[3][7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Вишово“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Станковска, Љубица (2009). „Етимологиjата на имењата на раселените села од Охридско“. Македонистика. 10: 133–135.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 252.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 164-165.