Десант на Дрвар
Десантот на Дрвар или операција „Коњски скок“ (германски: Operation Rösselsprung) — операција кај градот Дрвар, БиХ која е изведена утрото (во 5:30 часот) на 25 мај 1944 година, чија цел била да се зароби Јосип Броз Тито. Најпрвин, Германците започнале со бомбардирање, а потоа и со падобрански десант. По спуштањето на падобранците, 20 илјади Германци започнале со напад. Секој Германец имал фотографија од Јосип Броз Тито. За време на нападот, Јосип Броз Тито се наоѓал во пештера во Дрвар, а поради тоа што станувал рано бил буден за време на бомбардирањето. Германците постојано се засилувале, оделе по куќи, прашувале каде се наоѓа Тито. Сите знаеле каде е Тито, но никој не кажувал. Бил даван и отпор од страна на НОВ и населението на Дрвар поради што Германците претрпеле пораз.
Десант на Дрвар | |||||
---|---|---|---|---|---|
Дел од Југославија во Втората светска војна | |||||
Поглед на десантот |
|||||
|
|||||
Завојувани страни | |||||
Оска (и соработници): | Сојузници: | ||||
Команданти и водачи | |||||
|
|
||||
Сила | |||||
ок. 20.000 германски и хрватски борци | ок. 17.000 партизани | ||||
Жртви и загуби | |||||
| * 500 загинати
|
Поврзано
уреди- Десант на Дрвар на Ризницата ?