Википедија:WikiGap Skopje 2021
„WikiGap edit-a-thon Skopje 2021“ — локален настан во вид на уредувачки маратон на глобалната шведска иницијатива WikiGap со цел надминување на родовиот јаз, кој постои на самата Википедија и општо на семрежниот простор, кој е во организација на шведската амбасада во Скопје, здружението Споделено знаење, канцеларијата на Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) во Скопје, како и други партнери од невладиниот сектор за збогатување на Википедија на македонски јазик со статии за познати жени од Македонија. Овој настан се одржува четврта година по ред по првото издание на истиот во 2018 година. Овој пат настанот ќе биде спроведен без физичко присуство на уредниците (исто како и изданието во 2020 година), поради распространетоста на пандемијата на коронавирус. Настанот ќе биде посветен на влијателните жени во заштитата на животната средина.
Настанот ќе се одржи на 15 ноември 2021 година со почеток од 17:00 часот. На настанот учесниците ќе бидат воведени во работилницата, основите на уредувањето на Википедија и слободните лиценци, за потоа да следи уредувачки маратон.
Заднина
уредиВикипедија е најголемата и најкористена светска онлајн енциклопедија, чија содржина се создава од бројни доброволци. Од нејзиното создавање во 2001 година има над 50 милиони статии на над 300 јазици, а македонското јазично издание има над 118.000 статии и целта е да го собере целото човеково знаење на македонски јазик; знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого.
Но, како и во други делови на општеството, постои родова нееднаквост на самата Википедија во однос на застапеност на статии за жени и за прашања поврзани со женските права или родовата еднаквост. Глобална статистика е дека има 4 пати повеќе статии за мажи отколку за жени и 90% од содржината е создавана од мажи. Иако овие бројки имаат регионални варијации, јасен е фактот дека информациите поврзани со жените се многу помалку застапени од тие за мажите.
Затоа, шведската амбасада со поддршка на Споделено знаење (Википедија на македонски јазик), ќе организира WikiGap уредувачки маратон за зголемување на бројот на текстови за влијателни жени од Македонија или од светот.
Што е WikiGap?
уредиWikigap е всушност глобална шведска иницијатива со идеја за премостување на овие разлики и родови нееднаквости кои опстојуваат во онлајн светот, која до сега генерираше околу 50.000 нови или проширени биографии на жени на Википедија.
Што е уредувачки маратон?
уредиУредувачките маратони (edit-a-thons) се настани на коишто заедниците, од типот на Википедија и други партнерски организации уредуваат содржини или подобруваат специфични теми или содржини.
Пред настанот
уредиВи благодариме што ни се придружувате заедно да придонесеме за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во интернет енциклопедијата Википедија на македонски јазик.
Корисни информации
уредиИскусните уредници на Википедија разбираат пред сè една работа: Википедија е соработка. Нема потреба да се грижите, бидејќи ја имате поддршката на целата заедница од истражувачи, прегледувачи и проверувачи на факти. На самиот настан, присутен ќе биде тимот на Споделено знаење одговорен за Википедија на македонски јазик, кои ќе помогнат со техничките аспекти и со секое ваше прашање.
Основни столбови на Википедија
уредиПетте основни столбови на Википедија се:
- Википедија е енциклопедија;
- Википедија има неутрална гледна точка;
- Википедија е со бесплатна содржина која секој може да ја користи, уредува и дистрибуира;
- Википедија има кодекс на однесување со почит помеѓу сите википедијанци; и
- Википедија нема цврсти правила освен овие 5 принципи.
Пишување статии
уредиСоздавањето на статија на Википедија е многу слично на пишување есеј, бидејќи вклучува наслов и поднаслови, текст и извори. Википедија има енциклопедиски стил на пишување и статиите се со формален начин на нарација, со конкретни реченици изградени од факти, а не мислења.
Веродостојност
уредиКога го пишувате текстот и насловите, мислете на тоа што е битно, а што не, и користете што е можно повеќе веродостојни извори. Сите информации треба да се лесно проверливи. Наведете ги вашите извори за други да можат да ја проверат и прошират вашата статија.
Кога додавате информации во статиите, бидете сигурни дека се напишани со свои зборови. Запомнете дека сите информации најдени на интернет се заштитени освен ако мрежното место специфично не го тврди спротивното.
Фотографии
уредиНајголемиот дел од фотографиите кои се најдени на интернет се заштитени со авторски права и не можат да бидат користени на Википедија. Фотографиите кои се користат најдобро би било да се преземени од Заедничката Ризница (сестрински проект на Википедија), складиште на слободни фотографии поради услови за фер користење.
Категории
уредиПоврзување со други статии кои се на слична тема како за таа која пишувате е исто така пожелно. Секоја статија би требала да биде поврзана со најмалку една категорија (на пр. Шведски режисери).
Извори
уредиПечатените извори (и семрежните верзии на тие извори) се најчесто најверодостојни, како и онлајн извори. Некои примери вклучуваат (но не се ограничени само на): книги издадени од големи издавачки куќи, весници, магазини, рецензирани школарски журнали, веб-места од било кое од горенаведените, а и други веб-места кои ги задоволуваат истите основни критериуми како било кој печатен извор.
Друштвени медиуми
уредиСлободно споделувајте го настанот на друштвените медиуми пред, за време и по настанот со тарабната ознака #WikiGap и #WikiGapSkopje. Можете да го користите логото прикаченo на оваа страница.
WikiGap Skopje 2021
уредиНа овој настан ќе се подобруваат теми и содржини на тема „Влијателните жени низ историјата кои работеле на полето на медицината“, односно ќе се обидеме да ја унапредиме родовата еднаквост и да ја подобриме застапеноста на жените на онлајн светот.
Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа:
- преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на македонски јазик;
- статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина ќе биде создадена врз основа на стручна литература и сигурни и веродостојни извори.
Распоред
уредиДен | Активност | Опис | Место | Време |
---|---|---|---|---|
15 ноември | Воведен дел | вклучување на учесниците на платформата Zoom | Zoom | 16:45 - 17:00 ч. |
Поздравно обраќање | кратки поздравни обраќања на претставници од организаторите | 17:00 - 17:30 ч. | ||
Почетен курс за уредување | како се уредуваат содржини на Википедија | 17:30 - 18:00 ч. | ||
Уредувачки маратон | уредување статии | 18:00 - 20:00 ч. |
Zoom
уредиНајава на платформава преку следнава врска: тука (Meeting ID: 810 2112 4428; Passcode: 777888).
Содржина за уредување статии
уредиПодолу следи список на предложени теми за уредување статии на биографии на жени, составен од наслови кои ги нема на Википедија на македонски јазик, како и додатен список на статии кои се оскудни и треба да се подобрат. Волонтерите можат да изберат од овие два списока, но и да уредуваат статии за жени по свој избор, за кои имаат релевантни извори.
Најдолу на оваа страница е достапна и предлог-структура за изглед на биографска статија, која ќе го олесни уредувањето.
Пред уредувањето
уредиЗадолжително: Секој учесник на маратонот да се пријави на следнава врска со своето корисничко име за да може да се следат неговите придонеси.
Одберете си статија
уредиЗа создавање или подобрување на статиите на биографии на жени може да се користат другите јазични изданија на Википедија, како и дигитализирани и други материјали.
- Википедија на англиски јазик
- en:Category:Women environmentalists by nationality (Список на женски екоактивисти по националност)
- Алатка WikiGapFinder
Користете ја алатката WikiGapFinder за да најдете предлози за жени кои ги нема достапни на македонски јазик, доколку преведувате статии од друг јазик.
Список на учесници
уредиБр. | Корисник | Придонеси |
---|---|---|
1 | Mukaetova |
|
2 | Nikoloskae |
|
3 | ElenaSaveska |
|
4 | Ivka20 |
|
5 | Dandarmkd |
|
6 | Ehrlich91 |
|
7 | Athena74 |
|
8 | Balmond00 |
|
9 | Atovskateodora |
|
10 | Теодора Лазаревска |
|
11 | Katerina Ivanova 00 |
|
12 | Ollie kr |
|
13 | Мартин Анѓелов | |
14 | Dzeneta Pepic |
|
- (Н) — новосоздадена статија
- (П) — подобрена статија
Уредувачка седмица за родов јаз
уредиПо завршувањето на настанот следува отпочнување на седмица посветена за надминување на родовиот јаз. Оваа уредувачка седмица ќе отпочне во вторник (16 ноември 2020) во 00:00 часот и ќе трае до наредниот понеделник (22 ноември 2020) во 23:59 часот.
За највредните корисници ќе следуваат награди обезбедени од шведската амбасада и од Споделено знаење.
Прочитајте ги правилата и земете учество!
Костур на биографска статија
уреди{{Инфокутија за личност | име = | портрет = | опис = | родено-име = | роден-дата = <!-- {{роден на|20|јуни|1920}} --> | роден-место = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.--> | починал-дата = <!-- {{починал на и возраст|df=yes|гггг|мм|дд|гггг|мм|дд}} (прво дата на смрт, а потоа дата на раѓање) --> | починал-место = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.--> | починал-причина = | националност = | познат = <!-- овде треба да стои по што е позната личноста --> | наставка = а | занимање = | сопружник = | татко = | мајка = | родители = | роднини = | деца = }} '''име''' ({{родена на|дд|јуни|гггг}}, во {{родена во|град}} — {{почината на|дд|октомври|гггг}}, {{почината во|град}}) — [[Македонија|македонска]] .<ref>{{МакЕнц|231|Бучим|I}}</ref><!-- (каде „231“ е бројот на страницата и „Бучим“ е насловот на статијата, а томот е I) --> == Биографија == == Наводи == {{наводи}} {{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:презиме, име}} [[Категорија:Луѓе од град]] [[Категорија:Македонски ]]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- WikiGap Skopje 2021 на Ризницата ?