Кехкаан Басу
Кехкаан Басу (родена на 5 јуни 2000 година)[1] [2] е емиратски активист за животна средина и човекови права.[3] Таа исто така се залага за мир, права на децата, образование за одржлив развој, родова еднаквост и климатска правда.[4] Таа е амбасадор за млади на Советот за иднината на светот, почесен советник на невладината организација Комитет за одржлив развој[2] и е добитник на Меѓународната детска награда за мир во 2016 година.
Биографија
уредиКехкашан е родена на 5 јуни. [5]
На возраст од 8 години садела дрвја и ги организирала младите да рециклираат . На 11-годишна возраст, таа се обрати на конференцијата за деца и млади УНЗА која се одржа во Индонезија, а следната година постави рекорд како најмлад делегат што зборувал на прес конференцијата на Конференцијата на Обединетите нации за одржлив развој. [2]
Таа ја основала Фондацијата Зелена надеж во 2012 година, со цел да ги подучи и имплементира Целите за одржлив развој (ЦОР) на ОН, преку основни активности како што е садење дрвја . Фондацијата, исто така, ги вклучува младите луѓе на глобално ниво во ЦОР преку проекти насочени кон заедницата за климатска правда,[6] запирање на деградацијата на земјиштето, промовирање на одржлива потрошувачка и обновливи извори на енергија и зачувување на биолошката разновидност, како и родова еднаквост и социјална правда. Во моментов заедно со повеќе од 1000 членови, во Канада, Суринам, Блискиот Исток, Индија и Непал, организацијата работи спроведувајќи работилници и конференции околу имплементацијата на ЦОР. [7]
Басу го посетувала Меѓународното училиште Деира во Дубаи.[5] СЕ преселила во Канада за да студира [8] и од 1 Декември 2020 година е студент на трета година на Универзитетот во Торонто[9] отсек еколошки студии и специјализација во родови студии и физичка и еколошка географија.[10]
Во 2017 година бјави книга со кратки раскази „Дрвото на надежта“, во соработка со илустраторката Карен Веб-Мик.[4] [11] Во книгата, една млада девојка создава оаза во пустина садејќи дрвја и убедувајќи ги пријателите да и помогнат. [2]
Награди и признанија
уреди- Басу е признат како шампион на ОН за човекови права во 2016 година. „Stand up for Human Rights“. www.standup4humanrights.org (англиски). Посетено на 2021-03-31.
- Басу ја освои Меѓународната детска награда за мир во 2016 година. „2016 - Kehkashan Basu (16), UAE“. KidsRights Foundation (англиски). Архивирано од изворникот на 16 January 2021. Посетено на 2021-03-29."2016 - Kehkashan Basu (16), UAE" Архивирано на 16 јануари 2021 г..
- Басу е наведена како млад истражувач на Национална Географија,пролетта 2020 година.
- ↑ „Kehkashan Basu“. World Future Council (англиски). Архивирано од изворникот на 15 December 2020. Посетено на 2021-03-29.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „2016 - Kehkashan Basu (16), UAE“. KidsRights Foundation (англиски). Архивирано од изворникот на 16 January 2021. Посетено на 2021-03-29.
- ↑ „Kehkashan Basu de EAU recibe Premio Infantil de la Paz 2016“. spanish.peopledaily.com.cn. The Hague. Xinhua News Agency. 3 December 2016. Архивирано од изворникот на 4 December 2016. Посетено на 8 March 2021.
- ↑ 4,0 4,1 „Kehkashan Basu - Green Hope Foundation“. One Girl (англиски). 2019-01-12. Посетено на 2021-03-30.
- ↑ 5,0 5,1 „Kehkashan Basu's Story | UNCCD“. United Nations Convention to Combat Desertification. Архивирано од изворникот на 13 August 2020. Посетено на 8 March 2021.
- ↑ „Kehkashan Basu, Founder, Green Hope Foundation“. Women in Renewable Energy (англиски). Архивирано од изворникот на 8 March 2021. Посетено на 8 March 2021.
- ↑ „Kehkashan Basu“. NAAEE (англиски). 15 August 2018. Архивирано од изворникот на 30 March 2021. Посетено на 8 March 2021.
- ↑ „Schoolgirl from UAE wins Children's Peace Prize“. gulfnews.com (англиски). Посетено на 2021-03-31.
- ↑ Adams, Susan. „From Climate Change To Chronic Truancy, Forbes' 30 Under 30 In Education Are Tackling Some Of The World's Toughest Problems“. Forbes (англиски). Посетено на 2021-03-31.
- ↑ Chin, Amanda (1 January 2021). „Kehkashan Basu: Awards, goals and how it all began with a dead bird“. Study International (англиски). Посетено на 2021-03-31.
- ↑ Basu, Kehkashan (2017). The Tree of Hope (PDF) (англиски). Illustrated by Karen Webb-Meek. Berkshire, United Kingdom: The Voices of Future Generations International Children's Book Series. ISBN 978-0956995520.