Берта Касерес
Берта Изабел Касерес Флорес (шпански: Berta Isabel Cáceres Flores; р. 4 март 1971[1] — 2 март 2016)[2] — активистка за заштита на животната средина од Хондурас, домородна водачка,[3] и соосновачка и координаторка на Советот на народни и домородни организации на Хондурас (COPINH).[4][5][6] Таа ја освоила наградата Голдман за животна средина во 2015 година, за „локална кампања која успешно го притисна најголемиот светски градител на брани да се повлече од браната Агуа Зарка“ во Рио Гуалкарке.[7][8]
Таа била убиена во нејзиниот дом од вооружени натрапници, по повеќегодишни закани по нејзиниот живот.[9] Поранешен војник од единиците на специјалните сили на Хондурас, обучени во САД, тврдел дека името на Касерес било на нивната црна листа неколку месеци пред нејзиниот атентат. Од февруари 2017 година, три од осумте уапсени лица биле поврзани со елитни воени трупи обучени од САД: двајца биле обучени во Форт Бенинг, Џорџија, САД, поранешната школа на Америка (SOA), преименувана во WHINSEC, поврзана со илјадници убиства и кршење на човековите права во Латинска Америка од страна на нејзините дипломци. Во ноември 2017 година, тим од меѓународни правни експерти објави извештај во кој откри „намерна небрежност од финансиските институции“. На пример, Централноамериканската банка за економска интеграција (CABEI), Холандската Развојна Финансиска Институција (FMO) и Finnfund воделе стратегија со акционери, извршни директори, менаџери и вработени во DESA, приватни компании за обезбедување кои работат за DESA, јавни службеници и Државните безбедносни агенции „да ја контролираат, неутрализираат и елиминираат секоја опозиција“.
Дванаесет бранители на земјата биле убиени во Хондурас во 2014 година, според истражувањето на Global Witness, што ја прави најопасната земја во светот, во однос на нејзината големина, за активистите кои ги штитат шумите и реките.[10] Убиството на Берта Касерес било проследено со убиство на уште двајца активисти во истиот месец.
Во јули 2021, Дејвид Кастиљо, менаџер на DESA, бил прогласен за виновен како интелектуален автор на нејзиното убиство.[11]
Почетокот на животот
уредиКасарес е родена како дел од народот Ленка во Ла Есперанца, Хондурас,[12] доминантната домородна група во југозападниот дел на Хондурас. Касарес израснала во 1970-тите за време на немири и насилство во Средна Америка. Нејзината мајка Аустра Берта Флорес Лопес била пример за хуманитарност: таа била акушерка и социјален активист која ги примала и се грижела за бегалците од Ел Салвадор.[13][14] Аустра Флорес била избрана и служела како градоначалничка со два мандати во нивниот роден град Ла Есперанца, како дел од Конгресот, и како гувернерка на Одделот за Интибука.[15]
Откако посетувала локални училишта, Касерес студирала образование на универзитет и дипломирала со квалификација за настава.[12] Таа се спријателила со Исмаел Морено, директор на Radio Progreso & ERIC-SJ.
Активизам
уредиВо 1993 година, како студентска активистка, Касерес го коосновала Советот на народни и домородни организации на Хондурас (COPINH), организација за поддршка на правата на домородните луѓе во Хондурас.[16] Таа водела кампањи за широк спектар на прашања, вклучително и протестирање за нелегалната сеча, сопствениците на плантажи и присуството на американски воени бази на земјиштето на Ленка.[17][18] Таа го поддржувала феминизмот, ЛГБТ правата, како и пошироките социјални и домородни прашања.[19][20]
Во 2006 година, група домородни луѓе од Ленка од Рио Бланко побарале од Касерес да го истражи неодамнешното пристигнување на градежна опрема во нивната област.[7] Касерес соодветно истражувала и ја информирала заедницата дека проект за заедничко вложување помеѓу кинеската компанија Sinohydro, Меѓународната финансиска корпорација на Светската банка и компанијата од Хондурас Desarrollos Energéticos, SA (исто така позната како DESA, види Empresa Nacional de Energía Eléctrica ) има планови за изградба серија од четири хидроелектрични брани на реката Гуалкарке .[21]
Компаниите го прекршиле меѓународното право со тоа што не се консултирале со месното население за проектот. Ленка народот бил загрижен дека браните ќе го загрозат нивниот пристап до вода, храна и суровини за лекови, и затоа ќе го загрозат нивниот традиционален начин на живот.[10][22] Касерес работела заедно со заедницата за да организира протестна кампања. Таа организирала правни дејствија и состаноци во заедницата против проектот и го однела случајот до Меѓуамериканската комисија за човекови права .[10]
Од 2013 година, Касерес ги предводела COPINH и локалната заедница во едногодишен протест на градилиштето за да ги спречи компаниите да пристапат до земјиштето. Службениците за безбедност редовно ги отстранувале демонстрантите од местото.[10] На 15 јули 2013 година, војската на Хондурас отворила оган врз демонстрантите, убивајќи еден член на COPINH и ранувајќи уште тројца.[23] Заедницата пријавила редовни закани и малтретирање од вработените во компанијата, чуварите и војската. Во мај 2014 година, членовите на COPINH биле нападнати во два одвоени инциденти кои резултирале со двајца мртви и тројца тешко повредени.[24]
Кон крајот на 2013 година, и Синохидро и Меѓународната финансиска корпорација се повлекле од проектот поради протестите на COPINH.[7] Сепак, Desarrollos Energéticos (DESA) продолжиле со преместување на градилиштето на друга локација за да се избегне блокадата.[10][21] Други локални бизнис лидери го поддржале проектот. Официјалните лица поднеле кривична пријава против Касерес и двајца други домородни водачи за „узурпација, принуда и континуирана штета“ против DESA за нивните улоги во протестот, за кој се тврди дека ги поттикнал другите да предизвикаат штета на компанијата.[25] Како одговор на обвиненијата, Амнести интернешенал изјави дека, доколку активистите бидат затворени, Амнести интернешенел ќе ги смета за затвореници на совеста.[26] Десетици регионални и меѓународни организации ја повикале владата на Хондурас да престане да ја криминализира одбраната на човековите права и да ги истражи заканите против бранителите на човековите права.[27]
На 20 февруари 2016 година, повеќе од 100 демонстранти беа приведени од обезбедувањето додека протестираа, а заканите кон нивната организација почнаа да се зголемуваат.[10][28]
Касерес ја издвои Хилари Клинтон за нејзината вмешаност во легитимирањето на државниот удар во Хондурас во 2009 година:
„Враќањето на претседателот Мел Зелаја стана второстепено прашање. Во Хондурас требаше да има избори. И еве, таа, Клинтон, препозна дека не дозволија враќање на Мел Зелаја на претседателската функција. Требаше да има избори. И меѓународната заедница - официјални лица, владата, големото мнозинство - го прифати ова, иако предупредувавме дека ова ќе биде многу опасно и дека ќе дозволи варварство, не само во Хондурас туку и во остатокот од континентот. И ние бевме сведоци на ова.“[29]
Клинтон тврдеше дека нејзиниот метод на справување со ситуацијата е подобар за народот на Хондурас.[30]
Закани и грижи за човековите права
уредиМеѓуамериканската комисија за човекови права ја вклучи „Берта Касерес“ (sic) на својот список на луѓе под закана од 28 јуни 2009 година за време на државниот удар во Хондурас во 2009 година.[31]
Во 2013 година, Касерес изјави за Ал Џезира :
Армијата има список за атентат со 18 барани борци за човекови права со моето име на врвот. Сакам да живеам, има многу работи кои сè уште сакам да ги правам на овој свет, но никогаш ниту еднаш не размислував да се откажам од борбата за нашата територија, за достоинствен живот, бидејќи нашата борба е легитимна. Се грижам многу, но на крајот, во оваа земја каде што има целосна неказнивост, јас сум ранлива... Кога ќе сакаат да ме убијат, ќе го направат тоа.[32]
За време на кампањата против браната, Касерес и другите организатори честопати биле заплашувани од војската; во една прилика биле запрени и извршен бил претрес на нивното возило додека патувале кон Рио Бланко. Касерес тврдела дека при овој претрес, во возилото бил поставен пиштол; организаторите потоа биле уапсени под обвинение за оружје и задржани во текот на ноќта во затвор.[33] Судот ја ставил Касерес под превентивни мерки, принудувајќи ја да се најавува на судот секоја недела и спречувајќи ја да ја напушти земјата. Мерките биле во сила сè до пропаѓањето на случајот во февруари 2014 година.[34]
Судските записи од 2014 година, објавени во мај 2016 година, покажале дека „владата и DESA постојано се обидуваа да ги оцрнат Касерес и нејзините колеги како насилни анархисти кои настојуваат да го тероризираат населението преку нивните протести, [...] узурпација, принуда и континуирана штета, па дури и обиди за го поткопуваат демократскиот поредок“.[35]
Еден од омилените изрази на Берта бил „Тие се плашат од нас затоа што ние не се плашиме од нив“, според Густаво Кастро Сото .[36]
Наводи
уреди- ↑ Torrado, Nancy Tapias (4 March 2016). „En memoria de Berta Cáceres: una mujer e indígena excepcional“. El País (шпански). Посетено на 7 March 2016.
- ↑ Roxanna Altholz, Jorge E. Molano Rodríguez, Dan Saxon, Miguel Ángel Urbina Martínez, and Liliana María Uribe Tirado (November 2017). „Represa de Violencia: El plan que asesinó a Berta Cáceres“ (PDF) (шпански). Grupo Asesor Internacional de Personas Expertas. Посетено на 3 November 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (The Executive Summary in English)
- ↑ Redacción/EFE. „Matan a Berta Cáceres, líder indígena hondureña“. Diario La Prensa. Посетено на 3 March 2016.
- ↑ „To Defend the Environment, Support Social Movements Like Berta Cáceres and COPINH“. Посетено на 3 March 2016.
- ↑ „Berta Cáceres: "Green Nobel." Also, Galeano on The Right to Delirium“. Архивирано од изворникот на 2020-06-23. Посетено на 3 March 2016.
- ↑ „Cáceres, Threatened Honduran, Wins Biggest Enviro Award“. Radio Free. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 3 March 2016.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „Berta Cáceres – Goldman Environmental Foundation“. Goldman Environmental Foundation (англиски). Посетено на 4 March 2016.
- ↑ „Who killed Berta Cáceres? Behind the brutal murder of an environment crusader“. The Guardian (англиски). 2020-06-02. Посетено на 2020-06-02.
- ↑ „Threats, attacks and intimidation against Berta Cáceres Flores“. BertaCaceres.org. Архивирано од изворникот на 24 October 2019. Посетено на 11 May 2016.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 Malkin, Elisabeth; Arce, Alberto (3 March 2016). „Berta Cáceres, Indigenous Activist, Is Killed in Honduras“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ La Justicia hondureña condena a David Castillo, autor intelectual del asesinato de Berta Cáceres Published by Publico.es on July 5, 2021
- ↑ 12,0 12,1 Xiomara Orellana (3 March 2016). „Berta Cáceres, un ícono étnico que les dio voz a los indígenas“. La Prensa (Honduras). Посетено на 4 March 2016.
- ↑ „Honduran Indigenous Leader Berta Cáceres Assassinated, Won Goldman Environmental Prize“. Democracy Now!. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ „Honduran environmentalist Berta Cáceres murdered, family says“. The Tico Times | Costa Rica News. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ "Berta Caceres", CNN, 2 March 2017.
- ↑ „Council of Indigenous and Popular Organizations of Honduras (COPINH) (via Rights Action) | Cultures of Resistance“. culturesofresistance.org. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ Watts, Jonathan (19 April 2015). „Honduran indigenous rights campaigner wins Goldman prize“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ „International condemnation of the murder of indigenous leader Bertha Cáceres in Honduras“. Transnational Institute. 4 March 2016. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ „Internationally-recognized rights defender Berta Cáceres murdered in Honduras – FSRN“. fsrn.org. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ Mackey, Danielle Marie (11 March 2016). „Drugs, Dams, and Power: The Murder of Honduran Activist Berta Cáceres“. The Intercept. Посетено на 12 March 2016.
- ↑ 21,0 21,1 Shoichet, Catherine E.; Griffiths, James; Flournoy, Dakota (3 March 2016). „Berta Cáceres, Honduran activist, killed“. CNN.
- ↑ Carlton, Jim; Althaus, Dudley. „Prize-Winning Activist Berta Cáceres Killed in Honduras“. Wall Street Journal. ISSN 0099-9660. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ School of the Americas Watch. „The Murder of Tomas Garcia by the Honduran Military“. School of the Americas Watch. Архивирано од изворникот на 19 April 2016. Посетено на 6 March 2016.
- ↑ „Honduras: Asesinato y represión en San Francisco de Opalaca y Río Blanco“. Resumen Latinoamericano. 27 May 2014. Посетено на 6 March 2016.
- ↑ Anaiz Zamora Márquez and Yunuhen Rangel Medina (3 January 2014). „Berta Cáceres dedicó su vida a la defensa del pueblo Lenca“. Cimac Noticias. Архивирано од изворникот на 2016-04-22. Посетено на 6 March 2016.
- ↑ „Honduran Indigenous leaders at risk of unfair imprisonment“. Amnesty International. 19 September 2013. Посетено на 3 March 2016.
- ↑ „Pronunciamiento conjunto sobre la criminalización de defensores y defensoras de derechos humanos en Honduras“. Center for Justice and International Law. 26 September 2013. Архивирано од изворникот на 2016-10-15. Посетено на 6 March 2016.
- ↑ Berta Cáceres, Honduran environment and human rights activist, murdered Published by The Guardian, 3 March 2016
- ↑ „Before Her Assassination, Berta Cáceres Singled Out Hillary Clinton for Backing Honduran Coup“. Democracy Now!. Посетено на 2016-07-18.
- ↑ „Why this protester is blaming Clinton for the murder of a Honduran activist“. Посетено на 18 July 2016.
- ↑ „Precautionary Measures Granted by the Commission during 2009“. Inter-American Commission on Human Rights. Organization of American States. 2009. Посетено на 7 March 2016.
- ↑ Nina Lakhami (24 December 2013). „Honduras dam project shadowed by violence“. Al Jazeera. Посетено на 2016-03-03.
- ↑ Gynther, Brigitte. „SOA graduate involved in criminalization of Indigenous leader Berta Caceres | SOA Watch: Close the School of the Americas“. School of the Americas Watch. Архивирано од изворникот на 9 March 2016. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ „Honduras: Update – Dismissal of case against human rights defender Ms Berta Cáceres“. Front Line Defenders. 11 February 2014. Архивирано од изворникот на 7 April 2015. Посетено на 5 March 2016.
- ↑ Freddy Cuevas and Peter Orsi (3 May 2016). „Court files show bid to tar slain Honduran activist Caceres“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 4 May 2016. Посетено на 6 May 2016.
- ↑ Salomon, Josefina (6 May 2016). „Sole Witness to Berta Cáceres Murder: 'It Was Clear She Was Going to Get Killed'“. Huffington Post.