Маргарета Балабанова-Стефанова

Маргарета Балабанова-Стефанова (родена 1953 година во Скопје) — македонска лекарка, специјалист дерматовенеролог и универзитетски професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Маргарета Балабанова-Стефанова
Националност Македонка
Позната специјалист дерматовенеролог, редовен професор
Занимање лекар, дерматовенеролог, универзитетски професор
Мајка Таска Балабанова

Животопис

уреди

Проф. д-р Маргарета Балабанова-Стефанова е родена во Скопје, во 1953 година. Основното училиште и гимназија завршила во родниот град. Студиите на Медицинскиот факултет во Скопје ги започнала во учебната 1972/73 година, а дипломирала во мај 1978 година. Во 1978 година е примена на работа во Клиниката за кожни и венерични болести (денешна Клиника за дерматологија), како лекар приправник-стипендист на Заедницата за научни дејности. Во мај 1979 година го положила стручниот испит и ја отпочнала специјализацијата по дерматовенерологија, во јуни 1982 година го положила специјалистичкиот испит и се стекнала со звање специјалист по дерматовенерологија.

Во 1996 година ја одбранила докторската дисертација под наслов: „Хиперсензитивни кутани реакции на беталактамски антибиотици-рационален дијагностички и прогностички пристап“ и се стекнала со звање доктор на медицински науки. Во 1983 година е избрана за асистент, а во 1997 за доцент на Катедрата по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје. На клиниката за Дерматологија е вклучена во целокпуната стручна работа на одделите и во амбулантско-поликлиничката дејност а посебно во работата на Алерголошката амбуланта со која и раководи. Општата дерматоалергологија и особено медикаментозните алергиски реакции на кожата се област од псоебен стручен и научно-истражувачки интерес во нејзината работа. За усовршување во таа област Проф. д-р Балабанова-Стефанова престојувала во: Белград, 1990 година, на Клиниката за алергологија и имунологија при Универзитетскиот клинички центар (директор Проф. д-р М. Љаљевиќ); Хелсинки, 1990 година, на Клиниката за дерматовенерологија и специјалната Болница за алергиски заболувања при Универзитетската Централна Болница во Хелсинки (директор Prof. d-r K. Mustakallio и Prof. d-r Т. Haahtela). Братислава и Прага, 1992 година, на Клиниките за дерматовенерологија при Универзитетите Коменски и Карло. (директори Prof. d-r Buchvald и Prof. d-r F. Vosmik)

Проф. д-р Маргарета Балабанова-Стефанова е член на Здруженијата на лекарите на Македонија, и здруженијата за: дерматовенерологија; базична, клиничка имунологија и алергологија и медицинска информатика. Како автор и соавтор на околу 40 стручни и научни трудови учествувала на конгреси и симпозиуми од областа на дерматовенерологијата, алергологијата и клиничката имунологија и општата медицина во Републикава, во рамките на поранешна Југославија и надвор од земјата.

Проф. д-р Маргарета Балабанова-Стефанова е еден од авторите на прирачникот: „Алергиски болести-лекување“ (издаден 1998 год. Скопје, Медис Информатика)и е соавтор на монументалното дело - Дерматовенерологија- основен учебник за студенти по медицина - Скопје, Култура 2005 година.

Литература

уреди
  • Имуност, 1ва имунолошка школа, Скопје, Катедра за имунологија, 1998 година, Уредник М. Спироски