Википедија:Список на начела

Кратенки:
ВП:НАЧ

Начелата се општоприфатени стандарди што сите уредувачи треба да ги следат. Тие ги отсликуваат основните идеи врз кои е заснован проектот. Некои од нив се специфично создадени и имплементирани од Фондацијата Викимедија, фондацијата чиј проект е Википедија.

Овие страници можат да се најдат во Категорија:Википедија:Начела.

Начела за содржина

уреди
Неутрална гледна точка
Сите статии и други енциклопедиски содржини мора да бидат напишани од неутрална гледна точка, со праведно претставување на гледиштата, пропорционално и без пристрасност.
Проверливост
Статиите треба да содржат само материјал кој претходно е издаден од страна на веродостојни извори. Уредувачите кои додаваат или менуваат содржини во статиите со што значително се менува нивната смисла мораат да наведат доверливи извори, во спротивно нивните уредувања може слободно да се избришат.
Без свои истражувања
Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинални мисли: сиот материјал во енциклопедијата мора да биде препишан на веродостојни објавени извори. Статиите не смеат да содржат нови анализи или синтези на издаден материјал кој служи за да се напредне ставот кој не е јасно поддржан од изворите.
Што не е Википедија
Википедија е енциклопедија на Интернет. Избегнете го искушението да ја употребувате Википедија за други цели.
Биографии на живи личности
Материјалот за живи личности мора да биде напишан со најголема грижа и внимание кон проверливоста и неутралноста и со избегнување на свои истражувања.
Именување на статии
Насловите на статиите треба да бидат лесно препознаени од македонските читатели. Тие треба да бидат кратки, не треба да се двозначајни и треба да го поедностават создавањето на врски до статијата.

Начела за поведение

уреди
Пристојност
Учествувајте на проектов со почит и разбирање кон другите. Не ги игнорирајте позициите и заклучоците на другите. Обидете се да ги обесхрабрите останатите да не бидат неучтиви и избегнувајте вознемирување на други уредувачи секогаш кога тоа е можно.
Без лични напади
Консензус
Начела за уредување
Сопствеништво на статии
Уредувачки војни

Начела за бришење

уреди
Начела за бришење
Администраторите ја имаат можноста да избришат статии или останати страници на Википедија, а и да ги вратат избришаните статии назад. Ова е можно според одредени критериуми.
Критериуми за брзо бришење
Критериумите за брзо бришење ги определуваат посебните случаи каде администраторите можат да избришат страници од Википедија, слики или мултимедијални содржини без претходна дискусија.
Навредливи страници

Начела за спроведување мерки

уреди
Администратори
Вандализам
Начела за банирање
Банирање на Википедија претставува формално одземање на привилегиите при уредување на една или повеќе страни на Википедија, најчесто банирање на статија, цела тема или можеби банирање од целиот проект. Ова е социјална мерка, а не техничка.
Начела за блокирање
Корисникот може да биде блокиран од уредување од страна на администратор за да ја заштити Википедија и нејзините корисници од штета.
Начела за ботови
Вознемирување
Начела за заштитување
Уредувањето или преместувањето на некоја страница може да биде ограничено и/или забрането од страна на администраторите. Бидејќи Википедија е изградена врз начелото кој вели дека секој може да уредува, ова се прави само во определени ситуации.
Марионетство
Начела за кориснички имиња

Правни начела

уреди
Авторски права
Текстот на Википедија е заштитен под авторски права од уредувачите на Википедија и е формално лиценциран во јавноста под една од неколкуте слободни лиценци. Повеќето од текстот на Википедија и многу од неговите слики се колиценцирани под Creative Commons Attribution-Sharealike 3.0 Unported License (CC-BY-SA) и GNU Free Documentation License.
Кршење на авторски права
Клевета
Без правни закани
Критериуми за неслободна содржина
Користење на содржини од Википедија
Заштита на личните податоци
Фондацијата го собира и задржува најмалиот можен дел од лично препознатливите податоци на читателите и уредувачите на Википедија за да ги исполни операциските потреби на своите проекти.
Одрекување од одговорност
Википедија не дава гаранција за точност, затоа употребувајте ја на сопствен ризик. Ниту еден од спонзорите, администраторите, луѓето кои придонесуваат или било кој поврзан со Википедија е во никој случај одговорен за каква било појава на неточна или дискриминирачка информација, или за Вашата употреба, или за информациите содржани во извори кои водат преку врска надвор од овие веб страници.
Услови на употреба
Како проект на Фондацијата Викимедија, Википедија има услови на употреба кои ги дефинираат правата и обврските на корисниците и уредувачите.

Начела за административни постапки

уреди
Начела за посредување во спорови
Корисничка проверка (CheckUser)
Решавања на спорови
Начела за глобални права
Изземање на IP-адреси од блокирање
Без отворени прокси-сервери
Бришење на ревизии
Начела на Викимедија


Поврзано

уреди