Википедија:Критериуми за брзо бришење
Критериумите за брзо бришење ги определуваат посебните случаи каде администраторите можат да избришат страници од Википедија, слики или мултимедијални содржини без претходна дискусија. Не-администраторите можат да побараат бришење преку додавање на предлошката {{бб|некоја причина}}
. Во овој контекст, „брзо“ се однесува на едноставниот процес на донесување на одлука, а не на периодот на време од создавањето на статијата/содржината.
Оваа страница ги содржи критериумите за брзо бришење. Бришењето не е секогаш опција кога една страница ги исполнува овие критериуми. Пред да номинирате статија за брзо бришење, размислете дали може да се подобри, да се редуцира до никулец, да се премести или пренасочи некаде или да биде средено со друга постапка различна од бришењето. Откако ова е можно, брзото бришење е најчесто непотребно. Некои корисници ги градат статиите преку повеќе уредувања, затоа не ги бришете страниците рано во нивното создавање доколку имаат потенцијал. Корисниците кои номинираат страница за бришење мора да определат кој критериум го исполнува. Иако не е барано, освен за проблеми со авторски права, љубезно е да се извести создавачот со добри намери и поголемите придонесувачи дека ги номинирате статиите за бришење.
Критериуми
уредиОпшти
уредиОвие критериуми важат за сите именски простори. Кратенка за некој критериум - ОП# (на пример, ОП2 значи општ критериум број 2).
- Материјал без смисла - страница чија содржина е непоправливо нелогична, без некој контекст кој има значење. Овде не се вклучува лош стил на пишување, материјал кој не е на македонски, вандализам, измислен материјал, слабо преведен материјал, неможни теории; иако некои од нив, сепак, можат да бидат избришани како вандализам во очигледни случаи.
- Тест страници. Страници создадени од неискусни уредувачи како резултат на проби. Тестирањето е дозволено во песокот и во сопствениот кориснички простор.
- Чист вандализам. Ова вклучува експлицитен вандализам и очигледни лажни информации и пренасочувања создадени преку чистење на вандализирање-преместување на статии.
- Повторно создавање на избришан материјал. Копија, под било кој наслов, на страница претходно избришана преку дискусија за бришење, во случај каде копијата е доволно идентична на избришаната верзија и при ненаведување на причини зошто материјалот е повторно создаден.
- Блокиран корисник. Страници создадени од блокирани корисници во прекршување на нивниот блок, без поголеми уредувања од други корисници.
- Технички бришења - неконтроверзно одржување, како на пример привремено бришење за преместување на историите на страниците, бришење заради грешка во насловот или други неконтоверзни технички постапки.
- На барање на авторот, ако е побарано во добра намера и ако нема содржина додавана од други корисници. Забелешка: Ако авторот ја избрише содржината на страницата (надвор од корисничкиот именски простор), таа постапка се смета како барање за бришење.
- Експлицитно рекламирање - страници создадени само за промоција на некој ентитет немаат потреба да бидат одново напишани за да станат енциклопедиски. Имајте во предвид дека ако темата е за компанија или производ, тоа како само не е причина за бришење.
- Експлицитно кршење на авторски права - ако се открие дека даден текст од статија или слика/мултимедијална содржина се копирани/преземени од страна која поседува авторски права врз посочената содржина, а притоа не е дадена дозвола за употреба на Википедија, тогаш таквите содржини се кандидати за брзо бришење.
- Викимедија канцелариски постапки - во ретки случаи, официјалните вработени на Викимедија фондацијата си го задржуваат правото за постапки врз страници од „високо ниво“ заради законски причини без понатамошно образложение.
Статии
уредиОвие критериуми важат за главниот именски простор. Кратенка за некој критериум - СТ# (на пример, СТ3 значи критериум за статии број 3).
- Без контекст. Премногу кратки статии кои не ја разјаснуваат доволно темата на статијата. На пример: „Тој е смешен човек со црвена шапка. Тој ги развеселува луѓето.“ Контекстот се разликува од содржината, видете подолу СТ3.
- Без содржина. Било која статија (освен страници за пренасочување или појаснување) која се состои само од инфокутија и/или надворешни врски, ознаки за категорија, меѓујазични врски и поднаслови „Поврзано“, повторување на насловот
- Статија за вистинско лице, организација (бенд, клуб, компанија итн.) или веб-содржина која не индицира зошто темата е важна или позната. Ова е различно од прашања за проверливоста или веродостојноста на изворите, туку за непостоењето на индикатор кој покажува дали темата е доволно важна за да добие сопствена енциклопедиска статија.
- Трансвикифицирани статии - статии чија содржина е преместена во Викиизвор или Викиречник. Нивната содржина е правилно преместена, а авторските информации се забележани.
Слики
уредиОвие критериуми важат за подигнати слики или мултимедијални содржини. Кратенка за некој критериум - СЛ# (на пример, СЛ2 значи критериум за слики број 2).
- Недостаток на извор или информации за авторските права
- Прекршување на авторските права
- Сликата е дупликат на слика од Заедничката Ризница
- Несоодветна лиценца
- Сликата е неупотребена и е неслободна
- Нема дадено образложениеза праведна употреба на неслободна слика
- Неправилно образложениеза неслободна слика
- Искажаната дозвола од праводржецот не е потврдена
- Дупликат (пикселски истоветна) на друга слика во ист формат на податотека
- Податотеката на сликата е расипана, празна или недостасува
- Некорисна немултимедијална податотека